ФПФилип Петровски

Михаел Вајтман во својата балканска хроника од 1997 година напиша: „Првата светска војна не започна во Југоисточна Европа во 1914 година, туку уште две години претходно“ . Се мисли на двете балкански војни, односно војните за поделба на Македонија. Историската наука се повеќе се приближува кон овој став, дека една од основните причини за Првата светска војна е балканска коска во грло – Македонија. „Истрелите во Сараево, најверојатно ќе одекнеа без последици, да не беше претходната историја на балканските народи, да не беше балканското кризно жариште. На овој начин Македонија по игра на судбината стана повод за светска пресметка.

Првпат објавено на Facebook, 10.12.2015.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.