До Миленко(вци) [во принцип не одговарам на провокации кои ги сметам за намерни, како оние на “шанкерот”]
Нема ништо незаконско во објавувањето на ниеден документ што се наоѓа во сопственост на Државен архив. Според законот за Архив сите документи е дозволено да бидат користени и објавени.
Престанете да ги доведувате во заблуда луѓето.
Предлог: идете малку да истражувате по документите наместо да карикирате и оговарате по мрежите како стари баби. Ќе се изненадите што се ќе најдете таму. Се работи за 600.000 страници материјал кој е делумно веќе објавен во Црните страници на УДБА (околу 30 книги со приближно 32.000 страни).
А на кодошите јас не сум им крив што кодошеле. Тоа си е нивен избор. Често се стекнувале и со имотна корист. “Глумец” го рекетирале. Со тоа не се сложувам. Ги пријавил. Овие документи што ги коментирав ги објави Зоран Божиновски пред години… и така… вистината е како шило… врти, врти и на крај ќе излезе…
п.с. Според моето разбирање на идеологијата и нашата борба за Македонија сметам дека сите 600.000 треба да се објават, макар на интернет. Народот има право да знае се. Јас сум противник на тајна ВИЗАНТИСКА политика.
Првпат објавено на Facebook, 22.1.2018.