Во земја во која молчењето е доблест, секоја вистина е еретичка приказна.
Во 1950 година, Бранко Ќопиќ напишал сатира за власта што се оддалечила од народот. Следувале јавни осуди, политички напади и досие во тајната служба. Седумдесет и шест години подоцна, ликовите од неговото време не исчезнаа. Само ги сменија костумите. Денес не мора да ја забранат вистината. Доволно е да ја затрупаат со пропаганда, лажни вести, алгоритми и бескраен дигитален шум.
„Еретичка приказна“ е новела за луѓето што ја произведуваат лагата, за оние што живеат од неа и за цената што ја плаќа човекот кога конечно ќе одлучи да проговори.
Ова не е приказна за една партија. Ова е приказна за системот. Ако во неа препознаете некого, не брзајте да го изговорите неговото име. Можеби не сте препознале човек. Можеби сте препознале цела држава.
„Еретичка приказна“
Филип Петровски
Првпат објавено на Facebook, 18.7.2026.