ФПФилип Петровски

НАРОДОТ ВРИЕ, ТРПЕНИЕТО Е ПРИ КРАЈ: Јас повеќе нема да можам да ја држам ситуацијата под контрола, народот ќе им пресуди!

Но, одовде, од музејот на македонската борба за слобода и независност, од музејот на ВМРО и музејот на жртвите на комунизмот, од ова одбележување на основањето на ВМРО-ДПМНЕ, сакам да им порачам, рече Груевски, дека се повеќе, ова што не ги засега нив, го засега народот.

-И тоа, огромното мнозинство од народот. Она мнозинство кое не е дел од соросовите НВО и платените од нив. Дека се губи трпението кај народот пред неправдите кои ги гледа. Дека се повеќе како претседател на ВМРО-ДПМНЕ сум под притисок на илјадници граѓани кои на различен начин ме контактираат, барајки подршка за поодлучна народна акција. Дека ако вака продолжат, колку и јас и моите соработници да сме толерантни и наклонети кон решавање на проблемите преку дијалог, и демократски методи, нема да можам да ја држам ситуацијата под контрола, дека народот врие, и дека во еден момент може да му дојде преку глава.

ПОТВРДУВАМ. ДОЈДЕНО Е ПРЕКУ ГЛАВА ОД ПЛАТЕНИЦИТЕ. #БеретеПамет

Првпат објавено на Facebook, 20.6.2016.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.