ФПФилип Петровски

📢 Настап на ADRIA SECURITY SUMMIT – EDU Institutions Safety: Solutions and Technology

Имав чест да бидам панелист на ТЕМА посветена на безбедноста во образованието и улогата на технологијата.

Како универзитетски професор ги споделив моите ставови за четири клучни прашања:

1️⃣ Како да се заштитат правата и приватноста на учениците при воведување системи за надзор;

2️⃣ Како законите можат да создадат рамнотежа меѓу безбедноста и слободата на малолетниците;

3️⃣ Кои меѓународни правни рамки нудат најдобри примери за заштита во училиштата;

4️⃣ И кои политики и законски измени би имале најголемо влијание во блиска иднина.

Главната порака што ја упатив беше:

🔹 Безбедноста во образованието не смее да ја наруши човековата достојност.

🔹 Технологијата треба да биде алатка на доверба, не инструмент на страв.

🔹 Само преку етика, закон и транспарентност можеме да изградиме училишта кои се и безбедни и слободни.

#Education #Safety #Technology #HumanRights #Privacy #Law #Conference #FilipPetrovski

Првпат објавено на Facebook, 9.10.2025.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.