ФПФилип Петровски

Повлекувањето на програмата за таканареченото „сеопфатно сексуално образование“ од страна на МОН е единствениот разумен потег во овој момент, но ова не смее да биде само козметички маневар за смирување на страстите, туку трајно стопирање на еден штетен експеримент.

Нашиот образовен систем со години се соочува со катастрофални резултати на меѓународните тестирања, руинирани училишта и пад на елементарната писменост и критичкото размислување. Наместо да ги зајакнуваме природните науки, историјата, јазикот и моралните вредности, упорно се правеа обиди на мала врата да се прошверцуваат туѓи воук агенди, увезени идеолошки памфлети и концепти кои единствено создаваат хаос и конфузија кај младите.

Училиштето постои за да образува, изгради карактер и даде вистинско знаење, а не да биде полигон за општествен инженеринг на невладини структури. Некои теми и одговорности секогаш биле и мора да останат темел на семејното воспитување.

Добро е што притисокот на јавноста вроди со плод и на ова му се стави кочница. Секоја ваква штетна импровизација мора да се пресече во корен пред да остави трајни последици врз новите генерации!

Првпат објавено на Facebook, 9.9.2026.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.