ФПФилип Петровски

ЗАКОНСКА САБОТАЖА НА ЕВРОПСКАТА ИДНИНА И АКАДЕМСКАТА СЛОБОДА!

Новиот предлог-закон за високо образование е правен и политички скандал кој не само што го урива достоинството на професорите, туку ја става Македонија во директен судир со ЕУ!

⚠️ КОЛИЗИЈА СО ЕВРОПСКИТЕ ПРЕГОВОРИ:

Додека се колнеме во европските интеграции, овој закон директно ги минира Кластерот „Темелни вредности“ и Поглавјето 26. Наместо плурализам и европски стандарди за квалитет, власта воведува институционален монопол и правна дискриминација меѓу високообразовните установи. ЕУ не познава системи каде државата насилно го гуши академскиот пазар и автономијата.

📉 ПРОФЕСОРИ НА ЛАНЕЦ:

Со укинувањето на трајното звање и воведувањето реизбор на секои 7 години, Универзитетот престанува да биде бастион на слободната мисла. Се создава кадар кој мора да биде „дисциплиниран“ и послушен за да преживее. Ова е академски апартхејд каде новите генерации се граѓани од втор ред, подложни на постојан политички притисок!

💰 НАУКА САМО ЗА БОГАТИТЕ:

Министерството бара трудови кои чинат илјадници евра, а државата не инвестира ниту денар во нив. Пораката е јасна: ако немате пари од дома, не можете да бидете професори. Со ова, Универзитетот се трансформира во елитистички клуб за децата на богатите, додека талентираните и сиромашните се осудени на егзодус.

🏛️ КОНЦЕНТРАЦИЈА НА МОЌ:

Продолжувањето на ректорските мандати и централизацијата на одлучувањето е само завршниот чин во преземањето на целосната контрола врз високото образование. Наместо „прв меѓу еднаквите“, добиваме партиски гувернери на универзитетите.

Овој закон мора да биде сопрен! Тој е анти-научен, анти-социјален и длабоко анти-европски. Треба итно да се повлече и да се отвори вистинска дебата која ќе го заштити јавниот интерес, а не политичките „елити“ и апетити!

*ПРОДОЛЖУВА*

Првпат објавено на Facebook, 21.2.2026.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.