Порака до гордите членови на ВМРО. Главата горе.
Не очајувајте, ВМРО е рбетот на Македонија!
Партијата ни беше украдена на наместен Конгрес, наменски. За да помине се ова што не задеси. Ништо не е случајно. Нити еден детал.
Но, не очајувајте. ВМРО историски поминувало низ сите предизвици и се враќало посилно. Партијата мора да се реформира. Треба да се организира РЕГУЛАРЕН КОНГРЕС. На секој член треба да му се даде право на глас. Да се исчистиме од лажните пророци внатре и бизнисмените кои партијата ја сметаат за тезга за богатење.
Потоа ќе го пензионираме Заев на наредните локални избори, догодина. Запаметете што сум ви кажал!
Првпат објавено на Facebook, 16.7.2020.
Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.