ФПФилип Петровски

Пред 5 дена повикав членовите на ДИК да си дадат оставка, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го напуштат собранието. И двете работи се случија, и пратеникот Горан Манојлоски изјавил дополнително дека оствариле средби со повеќе меѓународни претставници. Овие активности се во добар правец, но не се доволни.

Моите сугестии се партијата преку партиските контакти со сестринските партии од Европа, но и преку меѓународните канали достапни за пратениците, да ги извести сите странски амбасади, ОБСЕ, Советот на Европа, петте постојани членки на советот за безбедност на ОН, дека Македонија со новата власт влезе во длабока политичка криза затоа што старите комунистички структури сега инсталирани на власт, спроведуваат диктатура, апсат поддржувачи и пратеници на опозицијата.

Да не се попушта додека не се одлободат сите затворени патриоти и пратеници.

ЌЕ ИСТРАЕМЕ ЗАЕДНО. ВМРО со НАРОДОТ.

Првпат објавено на Facebook, 13.12.2017.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.