ФПФилип Петровски

Првата точка од мојата програма, (а утре ќе го побарам тоа да го размислат убаво и делегатите, јавно, а верувам тука има делегати) која што според мене не може да биде импровизирана, не може да биде некаде помеѓу, и не може да биде одговорена со замајување. Може да биде одговорена само со да или не! Тоа е ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР. Јас сум против Преспанскиот Договор! Јас сум против промената на името! Сметам дека промената на името е извршена насилно и спротивно на волјата на Македонскиот народ. Нашиот народ се произнесе за време на Референдумот на 30-ти Септември сосема поинаку и не ја прифати понудената промена на името.

Линк: https://filippetrovski.mk/archives/552

Првпат објавено на Facebook, 21.3.2019.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.