СДСМ има уплав од ВМРО. Сега после долгото и топло лето исполнето со уживање по јахти (со грчко знаме), ленчарење по сомнително стекнати вили (во истата земја) сакаат да дојдат на власт.
Нивниот комформизам нема крај па сепак би да ја водат државата, а народот да заборави за какви луѓе се работи.
Сега ќе плачат пред претставниците на меѓународната заедница знаејќи дека април се приближил и крајот на оваа шарада е влизу.
Досега се што сакаат – добија. Дури и бесмислени услови поставија, за да ги одбиеме, за да нема избори. Ги предухитривме, се им дадовме. Сега го постигнаа врвот на глупоста, ако може да не учествуваме за да им биде полесно. Ова е веќе трагикомедија.
ВМРО го победувало СДСМ и од опозиција и 10 пати како позиција. И никогаш не сме поставувале услови или недај боже плачеле кај странците за да не стават во Влада.
И пак ќе победиме. Нашата сила е народот со кој дишеме како едно. За нас е светиња Македонија, државните интереси и потребите на граѓаните. Додека за СДСМ светиња е #бомбонабизнис #1еврозавице и позиција заради комоција.
#ИмаРазлика
Првпат објавено на Facebook, 29.9.2015.