Слушајте сега добро што ќе ви кажам членови на ВМРО. Нема потреба да се ажурирате. Членската карта која сте ја извадиле кога и да е е доволен показател дека сте сакале да сте членови и дека партијата ви значела. Ова нелегитимно раководство несигурно во себе и со колаборационистичка агенда знае дека го губи рапидно, масовно и тотално членството. И сака да ве преброи. Никако не смеете да им го дозволите тоа. Не сте бројка. Вие сте есенција. Од вас треба повторно да се изгради партијата еден ден кога ќе ја исчистиме од корумпираната политичка елита која ни заседната во Извршниот, Централниот и Парламентот. Си се ротираат, самонаградуваат, унапредуваат веќе 15 години. Резултатите се повеќе од катастрофални. Пратениците на партијата од кои некои се во парламент повеќе од 12 години застранија, не го бранат името нити МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ. Расправата за амандманите во комисијата требаше да трае 12 дена а траеше само 5, додека расправата на пленарна седница требаше да трае исто така 12 дена а траеше бедни 3 дена. Значи наместо 24 дена на РЕЖИМОТ му се спротивставуваа само 8 дена. Се гледа дека сакаат се да си помине по план.
Вие членовите ова го знаете и не го одобрувате. Партијата е во најголемата криза од 1990 година. Врхушката е замешана во нелегално финансирање, имотот е замрзнат. Дел биле замешани и во организирање на удар, преврат на 27 април минатата година. Народот и членството немали никаква идеја што стои зад параваните и што е планирано. Потоа истите беа оставени на цедило и по зандани. Од истата врхушка која и сега ја води партијата.
Членството тоа не го одобрува. Тоа е чесно и патриотско. Си ја сака пред се Македонија но и партијата. Затоа и ви велам НЕ СТЕ БРОЈКА. Повторувам ВИЕ СТЕ ЕСЕНЦИЈА. Која наскоро ќе треба да ја изгради од пепел партијата. Но не со ажурирање, туку со СЕОПШТ НАРОДЕН КОНГРЕС каде што секој ќе има право да си го каже мислењето за тоа каде ќе оди партијата.
Да живее Македонија, да живее ВМРО.
Првпат објавено на Facebook, 4.12.2018.