Среќен роденден УМС.
Па кога ќе пораснете да се изборите да бидете демократски подмладок, како што не сте сега. А во партијата да значите нешто (наместо да ви значи да сте функционери како сега) и да можете да креирате политики, а на младите да сте им модел по кој ќе се дефинираат.
Извинете ама кафани, сепариња и гратиси за пијачки не се политика, нити модел по кој треба да одат младите. Не се ни модел вработувањата на атрактивни девојки кои потоа работат по кабинети, работат се и сешто…
Изборете се да имате право да си бирате сами претседател, на тајни избори на ЦК на УМС, наместо како сега да ви назначуваат одозгора. Тоа ја ослабна УМС и ја направи неполитички политички подмалдок. Земете читајте политичка литература и учете како младите ги менуваат партиите и своите општества. Имате голем предизвик пред вас. Со молчење тоа нема да го постигнете!
Искрено ваш
д-р Филип Петровски
претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ (1997-2000)
Линк: https://www.youtube.com/watch?v=vyl99WFyZ7k
Првпат објавено на Facebook, 4.4.2018.