ФПФилип Петровски

Не ви се точни тезите. Арбен Џафери не се залагаше за тоа, туку за редефинирање на државата и за таа цел има објавено нон пејпер кој и денеска стои на веб страната на американско-албанската лига https://www.aacl.com/post/the-dpa-non-paper

(Ова му го пишав во коментар сега на Пендаровски, иако се сомневам дека воопшто тој го води профилот. Но, ваквиот дрзок обид да се прекрои поблиската историја, пред наши очи, кога се свежи сеќавањата, а и постојат извори во книги и онлјан, не може да остане не одговорено)

Имено Џафери отворено напиша, а нели важеше за идеолог на албанската кауза, и тоа е прецизно забележано од Димитар Мирчев во неговата книга: „БАЛКАНСКИ МЕГАЕТНИКУМ“, дека АЛБАНЦИТЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ РАЗДВОЕНИ ОД НИВНОТО НАЦИОНАЛНО ТЕЛО.

Ако се знаат овие тези, јавно објавени, а на познавачите им е јасно дека се основа ЗА ГОЛЕМО АЛБАНСКИ СЕПАРАТИЗАМ и интелектувално фундирање токму на тој правец, тогаш никако не е возможно Џафери да се прогласува за човек кој се залагал за мултиетничност во нашата држава.

Како и да е, еве ги на увид моите мислења, кои се потпираат на истражувања и извори, наспори ПИАР сесијата на ПЕНДАРОВСКИ па судете сами…

П.С. Она што ме загрижува е тоа што можеби станува збор планирано перење на мозок. Кај нас се поминува без трошка критичко расудување.

Првпат објавено на Facebook, 16.8.2023.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.