ФПФилип Петровски

ВМРО уште утре може да го спречи законот за јазиците.

Тој е штетен со драматични последици за уредувањето и иднината на државата, тоа е мое мислење.

Како може да се спречи?

Па со 10.000…20.000 амандмани..

Според член 173 алинеа 2 и 3 од Деловникот на Собранието на РМ,

Ако претседателот на РМ одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот, Собранието повторно го разгледува законот во фаза на трето читање, во рок од 30 дена од денот на донесување на законот.

По повторно разгледување на законот, АМАНДМАНИ, можат да се поднесуваат само во врска со укажувањето на претседателот на РМ…

Тогаш може (и мора) да се поднесат 10.000 амндмани од пратеничката група на ВМРО и законот нема да види бел ден…

*

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА

*

Единствено не ми е јасно зошто и шред првото донесување не го сторија истото?!

Првпат објавено на Facebook, 17.1.2018.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.