ФПФилип Петровски

„Внатрешната Македонска Револуционерна Организација – ВМРО – е главниот фактор во борбата за македонската независност. Оти, додека сите правно-политички активности се спроведуваат надвор од Македонија, ВМРО, како што кажува првиот збор од името, постои на почвата на Македонија. ВМРО беше основана заради единствена и директна цел – да ја ослободи Македонија и да ја осамостои во независна држава, но во текот на минатите петнаесет години, освен оваа отсекогаш присутна цел, таа ја имаше и понепосредната и неодолива мисија да го спасува самиот поим за постоење на Македонија. Оти таквиот поим забрзано исчезнуваше; Македонија стана чиста историска концепција, нешто кое постоело како држава пред повеќе од две илјади години, како Кападокија или Мизија. Тоа што таа не стана таква се должи главно на ВМРО-вското одбивање да умре.“

Стојан Христов, Херои и Убијци, Макавеј, Скопје, 2008, стр. 24

Првпат објавено на Facebook, 15.7.2016.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.