ФПФилип Петровски

При поднесувањето на кандидатурата за Претседател на Република Македонија д-р Филип Петровски го изјави следново: Мои претставници ја поднесуваат кандидатурата до Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Ја прифатив понудата на коалицијата МАКЕДОНИЈА БЛОКИРА, со кои што се боревме рамо до рамо за да ја спречиме ДВОЈАЗИЧНОСТА и да промената на Уставот и името на Република Македонија. Време е во интерес на Македонија да се обедини цела десница!
Д-р Филип Петровски апелираше на обединување на десницата за да се осигура победата, и да се отпочне процесот на враќање на името на Македонија, да се спречи двојазичноста и да се вратат принципите на АСНОМ таму каде што им е местото, во Преамбулата на Уставот на нашата држава.
Тој ги повика и членовите на ВМРО, како и сите македонски граѓани да го поддржат во оваа негова битка.

Поднесување кандидатура за Претседател на Република Македонија

Posted by Filip T. Petrovski on Thursday, January 31, 2019

“Македонија-Блокира” вечерва, четврток, 31 јануари 2018 поднесе претседателска кандидатура за Филип Петровски!

Posted by Единствена Македонија on Thursday, January 31, 2019

Повеќе за активностите на д-р Филип Петровски прочитајте тука

Првпат објавено на Пулс24, 31.1.2019.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.