ФПФилип Петровски

Време е политичките елити да се симнат од грбот на народот!

Додека стандардот на граѓаните тоне, а секојдневието станува борба за преживување, македонските политичари продолжуваат да живеат во својот „балон“ на привилегии. Гледаме како во други држави, како што е Унгарија, се носи одлука за едногласно намалување на пратеничките плати за 40%. Тоа е чесен и одговорен потег – покажување солидарност со народот кој ги плаќа тие плати.

А кај нас? Кај нас секој обид за „стегање на каишот“ почнува и завршува со народот, додека функционерските плати и привилегии остануваат недопирливи.

Доста беше политиканство! Наместо постојано зголемување на трошоците за административниот апарат и удобноста на избраните претставници, време е да се воведе морал и етика во политиката. Политичарите се сервис на граѓаните, а не привилегирана класа која профитира од државниот буџет додека мнозинството се мачи да ги подмири основните сметки.

На Македонија не ѝ требаат скапо платени политичари кои се отцепени од реалноста, туку лидери кои ќе покажат дека ја делат судбината со сопствениот народ. Ако сакаме промени, тие мора да почнат од оние кои носат одлуки.

Време е за одговорност. Време е за солидарност. Време е за крај на политичкиот паразитизам!

#Македонија #Политика #Одговорност #Солидарност #ДостаЕ

Првпат објавено на Facebook, 9.6.2026.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.