Законот не ја покрива етиката и моралот што треба да ги поседуваат функционерите. Тие се подразбираат. Ако законодавецот предвидел дека на претседателот на парламентот ќе му паднело на памет да оди со службената лимузина на свадба, сигурно ќе ставел забрана во законот. Дојдовме дотаму што на некои кралеви и цареви во политиката треба да им цртаме што смеат и што не смеат да прават ако сакаат да бидат во служба на граѓаните. Па зошто да не, да го измениме законот и да напишеме дека е забрането државните ресурси како што се лимузините да се користат за свадби и други приватни потреби, кога веќе свеста, моралот и принципите се на толку ниско ниво.
Првпат објавено на Facebook, 22.8.2024.
Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.