Филип Петровски од фракцијата на ВМРО-ДПМНЕ пред Собранието побара граѓаните да ги блокираат сите влезови и да не дозволат пратениците да влезат на утрешната седница, на која треба да почне расправата за договорот со Грција за решавање на спорот со името.
![](https://filippetrovski.mk/wp-content/uploads/2021/09/Screenshot-2021-09-22-021100-300x276.jpg)
Нека влезат со хелихоптери на утрешната седница. Ги повикувам пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ сите да си дадат неотповиклива оставка, рече Петровски, нарекувајќи ги пратениците од мнозинството предавници.
Тој претходно побара од Заев, Димитров и Шекеринска да се повлече договорот, велеќи „Нашето име е Македонија, предавнику Заев“, а побара и оставка од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Извор: СИТЕЛ