🎁 Новогодишни пакети до 14 јануари — книга на подарок →
ФПФилип Петровски

Директорите на Државниот архив на Република Македонија и на Генералната дирекција на Архивите на Албанија Филип Петровски и Гјет Ндој денеска ќе потпишат Договор за соработка.

Новиот Договор за соработка предвидува размена на специјалисти од областа на архивското работење, истражувачки престои и размена на архивски материјал врз основа на реципроцитет, размена на зборници на документи и архивски списанија, подготвување заеднички проекти од регионален карактер, како и реализација на иницијативата за формирање на професионално архивско здружение во Југоисточна Европа, кое ќе функционира самостојно или во рамки на Меѓународниот архивски совет.

Овој договор претставува продолжување на веќе постоечката соработка со Генералната дирекција на Архивите на Албанија, ќе биде со валидност од три години и со можност за негово автоматско продолжување од три години. Ова е веќе четврт договор од ваков вид со овие Архиви.

Првиот Договор за соработка меѓу Државниот архив на Република Македонија (тогаш Архив на Македонија) и Генералната дирекција на Архивите на Албанија е потпишан на 7 јуни 1991 година.

Сподели го текстот
FacebookViberWhatsAppXTelegramLinkedInЕ-пошта
Новогодишни пакети книгиНовогодишна понудаВи се допадна текстот? Подарете книга за Нова година.Сите 7 книги за 1.690 ден. · Скопје ноар 1.000 ден. + книга на подарок →
Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.

Прочитајте и

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *