ФПФилип Петровски

Поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и директор на државниот архив на Македонија Филип Петровски со загадочна порака на фејсбук навестува дека повторно размислува да формира партија. На својата фејсбук страница Петровски напиша:

Мислам дека е крајно време МАКЕДОНЦИТЕ да создадат десничарска партија.

На Македонија и треба нова десничарска партија

Истото го објави и на Твитер но со јасна ограда дека не мисли да прави партија, туку само дека ја констатира потребата од нова партија.

На Македонија и треба нова десничарска партија

Во мистериозната најава не се појаснува дали ќе биде формирана нова партија. ПУЛС24 има сознанија дека е направено истражување на јавното мислење при што е утврдено дека над 55 проценти на Македонците се незадоволни од партиите и сметаат дека нова партија би била правиот одговор.

Првпат објавено на Пулс24, 30.4.2022.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.