ФПФилип Петровски

Протест за Македонија пред ООН-Женева!

Соочени со актуелната политичка ситуација, во која Македонија се наоѓа пред свршен чин на дотолчување и преименување, Македонците во Швајцарија организират мировен протест кој е продолжение на “Заедничка Македонија” и воедно се надоврзува на “Ние сме Македонија”.

Протестот започнува со собирање и дефиле во 12 -13 ч од Palais Wilson и се оди долж avenue de France до Palais des Nations, каде се продолжува на плоштадот на Обединетите нации , со нашата предвидена програма .

Датум : сабота , 27 јануари 2018

Palais Wilson 12ч-13ч дефиле 15 мин пеш

Place Nations 13ч20 -16ч

Да бидеме што помногубројни и единствени на протестот бидејќи за Македонија се работи.

Во исто време, во ист час се координирани протести на Македонците во Франција, Италија и Германија. Македонија не е сама, до последен здив додека нашите срца чукаат, мислата е со неа. Да ја браниме и одбраниме !

“Тој шчо не си ја љубит татковината, не е чесен чоек…”

Првпат објавено на Facebook, 22.1.2018.

Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.