🎁 Новогодишни пакети до 14 јануари — книга на подарок →
ФПФилип Петровски

Државниот архив на Република Македонија го објави зборникот на документи „Руската колонија во Скопје (1920 – 1943)” во редакција на д-р Ленина Жила и д-р Филип Петровски.

Документите сведочат за времето кога руските бегалци – поединци и цели семејства – дошле во Македонија и нашле сигурно прибежиште на нашата територија.

Архивот соопшти дека еден од основните мотиви за објавување на зборникот факсимилни документи „Руската колонија во Скопје (1920 – 1943)” е да воведе во науката голем број претходно непознати и неистражувани документи.

– Рускиот и македонскиот народ имаат долги историски, духовни и културни врски. Руската заедница во Македонија во текот на годините се издигна на високо ниво и се одликува со видни поединци од областа на културата, уметноста, образованието, спортот и науката. Зборникот ќе биде еден чекор напред и вовед во плодната научна соработка во иднина и воедно повод за нови конкретни културни активности во прилог на зацврстувањето на руско-македонско пријателство, информира Државниот архив на РМ.

Сподели го текстот
FacebookViberWhatsAppXTelegramLinkedInЕ-пошта
Новогодишни пакети книгиНовогодишна понудаВи се допадна текстот? Подарете книга за Нова година.Сите 7 книги за 1.690 ден. · Скопје ноар 1.000 ден. + книга на подарок →
Следи нè на GoogleДодај го filippetrovski.mk како омилен извор и моите текстови ќе ти се прикажуваат први во вестите на Google.

Прочитајте и

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *