Антиблог за Филип Петровски (мојата трета книга)

е всушност дел од она што некогаш беше мој блог. Македонската блогосфера во еден период зеде замав и имаше влијание врз креирање на јавното мислење. Многумина се чудеа како и зошто еден блог се претвора во книга. Сметаа дека нема потреба, ете го имало на нет. Го имало, ама одамна го нема. И многу од постовите неповратно се загубени. Остана само овој дел што го поместив во малото книжуле. Тестот на времето докажа дека сум бил во право што го објавив…

Не случајно постот подолу се вика дигитална агонија. Постоиш ама не постоиш. Секојдневно се појавуваат и исчезнуваат милиони страници, текстови. Тоа е посебно изразено во Македонија. Пробајте да најдете онлајн текст од 2010 година… Многу тешко, да не речам дека е невозможно. Немаме историја, па соодветно на тоа немаме нити дигитална, онлајн историја. Се си е на место.

https://filippetrovski.mk/2021/07/07/hello-world/

За среќа сум ги подигнал книгита не Архива.орг. Еве на читање, а и на симнување ако ви треба.

И тогаш како и сега се е исто. Вртиме во место, ама од вртењето 30 години пропаднавме во дупка. Еве што сум им напишал на хејтерите и мизантропите:

Решив самиот да си отворам анти-блог. Зошто?
Е па ми дојде преку глава од коментарите на некои таканаречени “блогери” од Македонија и нивните анархични, зајадувачки, политички инспирирани, а секако неинвентивни и неинтелигентни редови на интернет насочени против мене. Од денеска нема потреба тие самите да се грижат за тоа – нивната задача и улога ќе ја преземам јас самиот. Верувајте дека никој нема поголема колекција на плуканици, блувотници, идиотизми и слично за мене, од МЕНЕ! Бидејќи ни најмалку не ми смета тоа јавно да биде изложено на нет, еве кога ке имам време, малку по малку, самиот ќе ја исполнат таа “света задача”. На Вас не Ви останува ништо друго освен да уживате. Ако како на народ најблиска ни е оваа димензија и начин на живеење, нека биде. Еве го блогот посветен и отворен ЕДИНСТВЕНО за плукање. (останало како фрагмент на архива.орг)

И денеска, 15 години подоцна останувам на кажаното…

А за АНТИБЛОГОТ има текст и на македонската Википедија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *