Петровски бара да престанат притисоците за Мицковски

Околу Конгресот отприлика вака стојат работите: Членството е многу револтирано. Доколку не престанат притисоците ќе мора да реагирам порадикално“, напиша Филип Петровски на својата страница на „Фејсбук“, под која е закачена фотографија со обвинување од сопартиец кој тврди дека „врвот на партијата дека врши притисок до делегатите за подршка на Хрстијан Мицковски“ за наследник на Никола Груевски. Генералниот секретар на партијата и довчерашниот директор на Државниот архив на Република Македонија отворено влегоа во битка за нов претседател на ВМРО – ДПМНЕ. Во пресрет на Конгресот во Валандово, закажан за петок и за сабота, се разгорува и внатрепатриската реторика. Иако Груевски двапати деновиве јавно соопшти дека ќе стои настрана и нема да се меша во изборот, дел од членството тврди оти му е даден „амин“ на Мицковски, поради што другите кандидати Антонио Милошоски, Илија Димовски, Никола Тодоров и Никола Поповски размислуваат да се повлечат или воопшто да не се кандидираат.

Петровски од утре планира да ги посети сите Општински комитети и да ја соопшти својата програма. Денеска соопшти дека предвидува 11 мерки во неговата визија и стратегија за враќање на „старото ВМРО“. Тој посочи дека ќе ги отвори вратите на „белиот дворец“ и ќе ги извади ренген детекторите на влезот, еднаш неделно ќе има состаноци со секој општински комитет, ќе иницира статутарна измена за најмалку три потпретседатели, генералниот секретар ќе нема функција во државната власт што победат на следните избори, претседателот ќе се повлече доколку стане премиер, ќе го отвоти Извршниот комитет за малцинските етнички групи во земјава, ќе гостува во секој медиум и телевизиска дебата…

„Во првата недела после конгресот ќе го повикам Зоран Заев или било кој од таа врхушка на ТВ дебата каде ќе посакаат и кога ќе посакаат. Во Извршниот комитет нема да има место за типови кои во младоста најголемо достигнување било да бидеш член на некоја ШКЊ рап група, профитери, лажни патриоти и амбициозни елитисти и бизнисмени. Ќе основам стратешки институт за истражување и анализи за среден и долг рок за да не ни се случи пак Верушевски, ДЕСОРОСиграчки и војна со амбасади. Лично ќе се заложам десет млади секоја година да бидат стипендирани од партијата и да бидат дел од младинските политички школи во Вашингтон, Лондон и Берлин со десна е републиканска провиненција. Ќе ги укинам скапите и големи митинзи кои се застарена форма на комуникација, напротив вашите домови, дворови и улици ќе бидат моите митинзи“, уверува Петровски. (Г.А.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *