Филип Петроски и Јанко Бачев влегоа во домот на пратеникот Крсто Мукоски, откако Мукоски како добар домаќин излезе од својата куќа и ги повика да повелат кај него на кафе и ракија за да се разјаснеле и разбереле.
„Ако сакате да разговараме влезете внатре, како добар човек и домаќин ќе ве примам дома. Најкултурно ве замолувам, нема потреба од викање. Повелете дома, како добар домаќин ве повикувам да влезете внатре и да се разбереме. Штом сте дошле дома коректно е да ве поканам внатре, да се напиете кафе, сокче или ракија и со здравје да си одите“ – му рече пратеникот Мукоски на Филип Петровски.
На ова Петровски одговори:
„Треба да ги разбереш овие луѓе, се возат шест саати,“ му рече Петровски на Мукоски по што влезе во куќата на пратеникот.
Насобраните поддржувачи облечени во маици со православна иконографија, крстови и други мотиви со руска тематика продолжија да пејат патриотски песни на улицата, додека кордон полиција не им дозволуваше да се доближат до домот на Мукоски.