Габер како повод

Габер (јакиот дипломат) ќе ја реформирал работата на МНР. Веројатно смета на кратко паметење и дека заборавивме како ја водеа дипломатијата СДСМ. Па еве да потсетиме. Прием во ООН под референца ФИРОМ, промена на знаме, залагање на Денко (нивниот министер) за останување во Југославија. Неподнесување на декларации на време за членство во ЕУ и НАТО, со што се пропушти возот за брзо, во тоа време, интегрирање додека Грција сеуште не беше на барикади против Македонија.
Во меѓувреме Нано препродаваше возила по Европа. Да ве потсетам на еден амбасадор (се разбира нивен) кој што средствата од МНР си ги чуваше на сопствена сметка. Потоа не е лошо Габер да одговори колку од нивните амбасадори имаат земено државјанства во односните држави каде што ја претставувале Македонија. Исто така да одговори имаше ли случаи сопружници да бидат амбасадори во две различни држави. Не е проблем ако сака ние ќе ги наведеме…
Со нивната дипломатска (не)активност и дадоа доволно време на Грција да не блокира секаде. И сега они би повторно да реформираат дипломатија. Фала.
Не е лошо Габер да ни каже како самиот станал дипломат по „заслуги“ пренесени по партизанска линија, нешто слично на сите останати дипломати од левицата. Татковците суделе, праќале по затвори (на пример Ченто) а децата ги уживале тие заслуги.
Еве кај нив на пример тие како „заслужно семејство“ имаат и уставен судија. И редици други привилегии…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *