Говор на Панко Брашнаров на АСНОМ (без јазични интервенции – 100 проценти оригинал)

Другарици и другари народни претставители,

Во овој момент, во ова историско место „Св. Отец Прохор Пчински“ и на овој исторически ден – Илинден, кога објавувам да е отворено првото Антифашистичко собрание на народното ослободуване на Македонија, душава ми е преполнета со радост и пред премрежините очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња до Вардар до Места и до Бистрица, заплускујат е целата македонска земја, сакајќи да измијат од македонскиот народ десетвековниот робски срам – од пропаста на Самоиловата држава, за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава.

Во овој момент, земјата на нашите покојници – многубројни народни херои, кои што паднаа и ги посеаа коските по цела Македонија, им станува полесна и тие во мир веќе го гледаат изгревот на нашата слобода, ја гледаат идеалната дружба старите илинденци – на Гоце Делчев и на денешните илинденци – младата македонска војска, и поставените темели за остварувањето на идеалот, на две поколенија, на две епохи- слободна, обединета Македонија.

Во знак на почитане спрема падналите јунаци, ја ве поканувам да им изразиме со еден минут молчение нашата вечна, бескрајна признателност. Вечна слава на падналите герои за слободата на Македонија!

Другари народни претставители, жив сум свидетел на два Илиндени – 1903 и 1944 година. Во мојте спомени се нижат безброј моменти за Илинденската народна епопеја и Крушевската Република. Бескрајни беја напорите на вооружениот македонски народ, огромна беше желјата му за свобода, борбата го дари со свободна Крушевска република, но, разјарениот башибозук и турската регуларна војска се нафрлија и го затрупаа оазисот на свободна Македонија – Крушевската Република, потушија востанието и го стегнаја искрвавениот македонски народ во ново робство.

Приговор од група членови на АНОК на Манифестот на главниот штаб на НОВ и ПОМ

Животворниот извор на слободата не секна. Македонија е делија, ропствата се сменија, но борбата на македонскиот народ не престана. Кога сите поробени народи во Југославија се дигнаја против денешниот непријател на целото човештво – фашизмот, и македонскиот народ се нареди во таја борба. Тој во неја виде можност да ја помогне обштата борба, на сите поробени народи и на целото слободољубиво човечество и да оствари својот вековен национален идеал.

И ете, како резултат на тригодишна крвава борба, македонскиот народ е врза судбината своја со судбината на сите југословенски народи, помогна, со крв и борба, да дојди до нова братска, демократска и федеративна Југославија, а денеска на вториот славен Илинден, последен Илинден на робска Македонија, става темелите на македонската држава, во која се обедини и заживее нашиот народ онаков срекјен живот, каков го заслужува по својте претрпени робски маки и петвековни борби.

Да е жива нашата мила македонска федерална држава!

Да е жива федеративна, демократска Југославија, заеднички покрив на братските кужнославјански народи.

Што треба да знаеме (а не знаеме) за АНОК!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *