Долу Преспанскиот договор и промената на името! (интегрален текст)

Добар ден на сите.

Се надевам дека сте добро расположени. Малку е вака напорно да се слушаат повеќе луѓе од кои што како што чув од некои од делегатите горе-доле споменуваат исти работи. Затоа јас се надевам дека од мене ќе чуете нешто малку поинакво. За жал не стигнав да ги посетам сите Општински комитети, и морам да кажам дека кампањата беше извонредно кратка и немавме доволно време едноставно да се видиме со сите вас, а сакав. Затоа, за некои од делегатите ова веројатно ќе биде повторување, но за некои ќе биде прво слушање, прво гледање… Се чини дека ова и беше намерно дизајнирана кратка кампања за да остане се сепак на ниво на тесна партиска елита, слично на предваландовските настани…

Јас побарав и видео бим да имаме, за една презентација да ви пуштам. За жал, ми беше одговорено дека нема видео бим, ама сега гледам дека има видео бим. Ајде не е важно… Презентациите може да се погледаат кај мене на профил. Ги има во видео форма.

Јас имам четири тези, основни, за тоа што треба да прави надерниот Претседател на Република Македонија. Можев да издвојам и 254 тези, но мислам дека тоа би било расплинување, бегање од тема, бегање од одговорност и добар дел од нив би биле чиста замена на тези.

Ние мора да имаме јасен фокус каков Претседател на Република Македонија ни треба. Тој треба да работи според мене на четири основни постулати:

Првиот е поништување на Преспанскиот договор, без пардон;

Вториот е поништување на двојазичноста, без пардон;

Трет постулат е враќање на нашата држава кон Илинденските и Асномските принципи и

Четврт постулат, четвртиот столб, активност на Претседателот мора да биде предизвикување на предвремени парламентарни избори.

Филип Петровски Долу Преспанскиот договор и промената на името!

Она што е мотивација за мене да ги соопштам овие ставови, тези позади кои ќе стојам како Претседател на Република Македонија е дослухот со народот. Дослухот со членството на ВМРО. Не знам како ќе реагира овој аудиториум и не знам дали ќе се сложат со мене делегатите, меѓутоа во Македонија не постои член на ВМРО, ниту Македонец, кој што не мисли дека Преспанскиот договор треба и мора веднаш да се стави во процедура на поништување. Нашиот народ на 30-ти септември јасно кажа дека не сака промена на името. На 30-ти септември тој беше прашан во едно сложено, двосмилено прашање кое што беше мамка, беше јамка, за да се сложи со промена на име како замена за членство во ЕУ и НАТО. Тоа беше лага. Тоа беше мамка која што народот ја виде, процени и не ја прифати. И потоа казни.

Нашиот народ , во огромно мнозинство, на кој што ние се повикуваме, рече дека не сака промена на името дури ни по цена на влез во НАТО и ЕУ. А дека тоа референдумско прашање беше лага се покажа веднаш после 30-ти Септември. Веднаш почнаа насилно наседнатите полтрони кои што ги имаме во државни позиции, пред се мислам на Димитров и на Заев, да зборуваат дека за Европска Унија ќе видиме во иднина… И странските емисари исто така проговорија дека промената на името и референдумот не биле услов со кој сигурно се пласираме во членство.

Едноставно негираа дека ако го смениме името, ако го прифатиме референдумот веќе од утре ќе тече мед и млеко и Македонија ќе биде член на овие две меѓународни организации. Нашиот народ се произнесе. Она што го видов како став, теза, нешто позади кое што стои нашето членство е исто така, и тој не гласаше. Нашиот обичен член не гласал. Без разлика што имаше членови од нашата партија, наши пратеници кои што гласаа на референдумот. Народот и членството не гласаше.

Македонскиот народ бара поништување на Преспанскиот договор.

Врз основа на тоа можеме да заклучиме дека народот наш бара поништување на Преспанскиот договор. Не го прифаќа и ние како аудиториум треба тоа да го акцептираме. Доколку го примаме како извесна информација која што е од второ или трето значење, ќе има проблем партијата. Нашиот народ казнуваше на 30-ти Септември. Нашиот народ повторно ќе казнува на претседателските избори. Ќе ги казни сите кои не се во линија со неговите барања и потреби.

Тезите за бојкот во две-три реченици. Бојкотот беше казна на 30-ти Септември, сега не е казна. Сега е награда. Доколку се одлучиме за бојкот, ќе го наградиме Талат Џафери, познат терорист и дезертер. И од ЈНА, и од АРМ. Човек со воени злосторства зад себе кој што е сега Претседател на Собранието. Некои викаат легитимен, некои нелегитимен, меѓутоа одлучува во полн капацитет. Ви носи закони, па дури сега одлучува и во име на Иванов. Ги прати и двојазичноста, ги прати и уставните амандмани односно Преспанскиот договор, ги прати потпишани од него и ги објавија во службен весник. Можете да замислите што ќе се случи тој човек ако биде врховен командант или вршител на должноста Претседател на Република Македонија. Па дајте да не се лажеме. Тој човек не мисли на Македонија. Мисли на Илирида. Или на Голема Албанија. Тоа треба јасно да се каже.

Суштината на оваа партија, што ја паметам од деведесетите не е да филозофираме, политикуваме, и да тактизираме, и да молиме странски центри. Суштината на оваа партија е да го обедини интересот на Македонците, да го собере на едно место и со таа сила да преговара во интерес на нашата држава. Секој пат кога нашата партија била слаба, државата тонела. Онаа другата партија на нас ни е јасна. Од 1993 промена на нашето име во ФИРОМ во Обединети Нации, 1995 промена на знамето, 1996 промена на територијалните граници на Тетово и правење насила албански град со селските општини, 2001 војната и соучеството на СДСМ во предавството, 2004 – продавањето на Струга, Кичево и Скопје. Па се до денеска, таа партија ни е на нас јасна. И проблемот не е во неа.

Ако не сме способни да го видиме проблемот во нас , тогаш Македонија ќе страда. Ако го изгубиме кашацитетот да се бориме, Македонија ќе страда, затоа што ние велиме дека ние сме државотворна партија, дека ги заштитуваме интересите на Македонците. Е интересите на Македонците се содржани во моите погоре истакнати тези. Мора да се поништи Преспанскиот договор и да се врати назад уставното име на Република Македонија. НИКОГАШ СЕВЕРНА. НИКОГАШ. Нема преговори за тоа прашање. Со никој.

Замислете да преговарале нашите што го дигнале Илинденското востание со Турците дали да креваат востание. Нели на нив се повикуваме како партија, како наследници на таа традиција. Дали преговарале со турците дали да го дигнат востанието? Или преговарале ли партизаните дали да го дигнат востанието против фашистичкиот окупатор во 1941.

Во животот доаѓаат моменти критични, во историјата на партијата и во историјата на нашата држава, кога ние мора да се поставиме тврдо, и моите тези секогаш беа дека нас со власт може и треба да не награди македонскиот народ. Не да трчаме по власт, туку да ја заслужиме власта со бранење на неговите интереси.

Ако сакате да ги браниме интересите на нашиот народ мора да се поништи насилната промена на Уставот, и промената на името, бришењето на идентитетот, воведувањето двојазичноста, бришењето на АСНОМските принципи и Илинденските постигнувања.

Нема никаква основа, никакво апсолутно историско оправдание, нити пак проценти кои што го оправдуваат воведувањето на двојазичноста на територијата на цела Република Македонија. Нема такво нешто! Но има изборна, односно политичка комбинаторика. Го имате еден Заев, кој што беше спремен не само двојазичност, туку да го нагура и Охридскиот рамковен договор во преамбулата за да му се одржи власта, и за да може да го промени името. И он на нас ни е јасен. Мене ми е јасен. Ако не му се спротиставиме ние, он ќе продолжи и пожестоко од ова. Може и полошо да биде. Ако нема крај на овој пекол, ќе дојде и кантонизација, и Голема Албанија на наша територија. И само да ве потсетам, и Струга се наоѓа во картите на Голема Албанија.

И што сум сега јас, еретик што ги кажувам овие работи? Овие теми забранети ли се? Не смееме да зборуваме дека Струга е во картата на Голема Албанија? Кога ќе се спротиставиме? Како ќе се спротиставиме? Со тактизирање? Ќе го прашаме Вашингтон, Берлин, Москва, Пекинг? Кого треба да прашаме за нашите интереси?

МАКЕДОНЦИТЕ ТРЕБА ДА ГИ ПРАШАМЕ. И НАШЕТО ЧЛЕНСТВО. (аплауз во салата)

Не се ставајте на ризик со аплауз. Не се потребни аплаузи. Туку слушајте ме добро што имам да ви кажам. Слушајте ме добро и памтете што има да ви кажам. Не дојдов овде за да ме гласаат делегатите. Да не се разбереме погрешно! Јас сум претставник на народот и на членството на ВМРО-ДПМНЕ.

Ако не ми верувате проверете го тоа. А проверено е во партијата со анкети. Затоа и одлуката која што ќе ја донесете денеска треба да биде израз на дослух со тоа членство. Во спротивно, не како што ги ширите тезите дека јас го делам членството и партијата, Вие ќе ја поделите партијата. Имате историска одговорност делегати. Некои мислат дека ДЕЛЕГАТ, тоа е нешто што треба да се заврши денеска работа, така? Да завршиме работа, да изгласаме.

Вие овде не само што одлучувате за иднината на државата, и се надевам дека ќе го изберете оној кој што всушност и вистински ќе биде Претседател на Република Македонија. Вие одлучувате во многу и за тенденциите како да се спречат деструкциите внатре и надвор. Затоа моите ставови се прости. Јас нема што да филозофирам. Моите ставови се јасни. И добар дел од вас ги мислите истите ставови, само што некои мислат дека тоа треба сега во завиена форма после 5, 10, 15, 20, 100, 200 години да го кажеме. НЕ. Треба да се каже сега! Јасно и гласно.

Долу Преспанскиот договор!

Назад името на Република Македонија!

Бришење на двојазичноста!

Внесување назад во прембулата на оваа држава на Асномските и Илинденските принципи!

Асномските и Илинденските принципи не се случајни. Не се ставени во деведесет и првата во преамбулата затоа што немале што да стават таму, туку се израз на борба, на генерации Македонци кои што погинаа за оваа држава, генерации кои што се иселија, гниеја по затвори, и Македонци кои сега гнијат по затвори.

А тие треба да се ослободат сите до еден. Не може луѓе што спречувале државен удар да се држат во зандани, а некој од теририст од СОПОТ или од терорист од нападот на Куманово да бидат ослобоени и уште и да им палаќаме штета како држава.

Е тоа треба да го направи нашиот Претседател. Тој треба да стави клип во машината на оваа марионетска власт. Клип, кој што ќе ја растури машината. И јас сега сакам да ви кажам, тоа што го кажав во неколку комитети, таму кај што стигав да отидам. Не само што овие тези ќе ги гурам туку нема да потпишам ниеден Закон на Заев. Не само законите кои што не се во ред. Туку ниту еден Закон на Заев и неговата коалиција.

Сакате предвремени избори, бидејќи само за тоа се зборува во партиските кулоари? Ниеден закон нема да потпишам. Второ читање – џебно вето. Ниту еден закон. Или ќе има избори – предвремени парламентарни, или ќе има импичмент. Па нека има импичмент. Мислите дека се спремни квислинзите кои што немаат поддршка од народот да отповикаат Претдседател избран од 500.000 луѓе? -Да ги видам. Да ги видам да дојдат импичмент да прават на претседател кој што само што е избран од Македонскиот народ. Со тој импичмент нив ќе ги срушиме. Ете тоа се јасните магистрали по кои ќе се движам.

Тоа се правци. Тоа се магистрали, единствено возможни, ако сакаме да имаме држава. Нема други правци. Тактизирање, преговарање, одложување, давање ветувања на странците не ни се во корист. Секој пат не лажеле. Не лажеле! Кога го направивме Рамковниот договор во Охрид, тоа беше најголемо достигнување во Европа во правец на правата на малцинствата, и не фалеа дека кога ќе го имплементираме сме готови за НАТО и за ЕУ. После десет години тоа не беше доволно, па ни го избришаа од преамбулата идентитетот, ни го сменија името и мислите дека ќе застанат? – Нема да застанат!

Ви благодарам многу. Завршувам со следново: Добро да размислите пред да гласате што мисли членството, добро да размислите што мисли народот, да ги имате во предвид стресовите што нашиот народ ги преживеа во 2018 (двојазичноста и промената на имеото), и тогаш да гласате. И вашиот глас да биде на линија да го обедините целиот отпор за да се победи марионетската власт.

Ви благодарам.

Да живее РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈA.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *