Долу Преспанскиот договор и промената на името! (интегрален текст)

*

ВМРО-ДПМНЕ УТРЕ НА КОНВЕНЦИЈА ВО СТРУГА ЌЕ ИЗБЕРЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ

На конвенцијата која ќе се одржи утре во Домот на култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, ВМРО-ДПМНЕ ќе го избере претседателскиот кандидат. Конвенцијата, но и претстојната кампања за претседателските избори ќе биде под слоганот „За честита Македонија“, велат од партијата.

„Овој слоган значи дека кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде честит човек, спротивност на погубните политики кои ги води власта, како што се промената на Уставот, корупцијата, криминалот и немањето никакви резултатите на економски план“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во трката за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ се Никита Шекутковски – професор, Ѓорѓи Манасков – претседател на Стопанска комора за енергетика, Васко Костов – фармацевт, Влатко Ѓорчев – пратеник, Гордана Силјановска – професор, Илија Димовски – професор во пензија, Филип Петровски – ексдиректор на Архив, Горан Ангелов – директор на „Дрисла“ и Сашо Кутлешовски – професор.

На конвенцијата право на глас за избор на претседателскиот кандидат ќе имаат 551 делегат. За да се избере кандидатот на партијата во првиот круг тој треба да освои 1/3 од гласовите на делегатите, односно за него да гласаат најмалку 184 партиски членови. Ако ниту еден од деветте кандидати во првиот круг го нема потребниот број гласови, тогаш истата вечер ќе се одржи втор круг гласање, во кое ќе учествуваат двајцата кандидати со најмногу гласови.

На почетокот на конвенцијата пред делегатите и претседателските кандидати ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а потоа ќе се претстават сите девет кандидати.

Претседателските избори ќе се одржат на 21 април, а вториот круг на 5 мај.

СДСМ распиша оглас за пријавување кандидатури, а претседателскиот кандидат ќе го избира на конгресот на партијата на 3 март.

Извор: СДК

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *