Во 2020 година мојата поранешна партија ме тужела со образложение дека ПОРАДИ МЕНЕ НЕ НАПРАВИЛЕ ПАРЛАМЕНТАРНО МНОЗИНСТВО и поради тоа и ВЛАДА…
Тужбата е целосно небулозна и за учебници. За среќа има сеуште слободно и независно судство кое со тужбата беше ставено пред предизвик да донесе ПОЛИТИЧКА ОДЛУКА.
Подолу пресудата во ПДФ формат, слободна за преземање (3мега бајти). Во догледно време ќе објавам поопширна студија а можеби и мала книга за ова перверзија и дисторзија на нормалното живеење која се случува од една единствена причина – МНОЗИНСТВО НА МЕДИОКРИТЕТИТЕ.
⬇⬇⬇
Ова ако се поврзе со нападите во 2021, во два наврати од маскирани лица со капуљачи, може да се подведе во сериозен след на настаните. Настани кои излегуваат од контрола, поради тоа што политичките структури се претвораат во мафијашки, коза ностра кланови.
Како и секогаш, ќе кажам, судете сами.