Државниот архив промовираше два тома „Илинденски сведоштва”

Државниот архив на Република Македонија ги промовираше првиот и вториот том од зборникот документи насловен „Илинденски сведоштва”, како дел од истоимениот проект кој започна во 2015 година и е предвидено да содржи пет тома.

Двете публикации, како што соопшти денеска Државниот архив на Република Македонија, содржат факсимилни документи, дел од фондот на Државниот архив кој изобилува со повеќе сегменти од тогашната егзистенција на македонското семејство предводена од турската власт, како и од бугарската, српската и грчката пропаганда, за социјалната положба, за нивниот живот како осуденици и затвореници, за економската сиромаштија, за улогата на религијата и за политичкиот живот.

– Кога ќе бидат објавени и останатите три тома, од коишто третиот и четвртиот се готови, уште петтиот го чекаме, ќе имаме една заокружена тема, објавени сведоштва коишто ги најдовме во Државниот архив и ќе постигнеме повеќекратен ефект. Прво, ќе се потсетиме на нашата славна историја. Второ овие документи ќе ги спасиме од уништување бидејќи, ако е една копија може некогаш и не сакајќи да им се случи нешто на тие документи, но сега се неуништиви затоа што ќе се најдат во сите библиотеки, ќе се најдат и надвор од државата, ќе се најдат во приватните библиотеки, ќе се најдат кај научниците, кај истражувачите, истакна на промоцијата што се одржа синоќа директорот на Државниот архив на Република Македонија, Филип Петровски.
Смета дека она што е компаративна предност е што тие се објавени во оригинал како што стојат во Архивот.
– Така ја избегнуваме можноста или опасноста некој да каже дека кој било документ е променет, кој било збор е алтериран или некако е суштината изменета. Наша идеја беше да одиме со оригинали. Го баравме специфичниот израз за да овие документи ги приопштиме, истакна Петровски.
Освен директорот на Државниот архив, беа и Наташа Котлар Трајкова од Институтот за национална историја и воениот историчар Александар Стојчев.
Извор: СИТЕЛ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *