Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонија и ИД Макавеј –Скопје на 23 септември во 18:30 часот, во просториите на КИЦ беше преставена книгата од младиот македонски политичар и публицист Филип Петровски “За нас”, која што од македонски на бугарски јазик ја преведе бугарскиот писател и преведувач Николај Шопов. Книгата ја промовираа современиот македонски писател и критичар Бранко Цветкоски и бугарскиот писател Николај Шопов.