Како се брише историјата и исчезнуваат настаните кои се битни за развојот на државата!?

Како се брише историјата и исчезнуваат настаните кои се битни за развојот на државата!?

Работам на книга која ќе го објасни во детали настанувањето на Црните страници на УДБА. И поради тоа истражувам настани поврзани со лустрацијата.

Како беше следено и обработувано ВМРО-ДПМНЕ?

Ова е се што можев да најдам на интернет од дента кога беше лустриран Чокревски. И тоа по моја претставка испратена до комисијата за верификација на факти.

За жал ниту еден од текстовите не преживел. При обид да се отворат сите до еден покажуваа ерор404.

Единствено преживеал текст на СЛОБОДНА ЕВРОПА

Комисијата за лустрација на денешната седница како наредбодавач лустрира уште еден поранешен министер за внатрешни работи. Комисијата смета дека тој е одговорен за досието „Темел“ за следење на функционери и членови на една опозициска партија од 90-тите години. Портпаролот на Комисијата за лустрација, Предраг Димитровски за МИА изјави дека еден од членовите на Комисијата за лустрација, побарал точката да биде одложена и да се побараат дополнителни документи од Управата за безбедност и контраразузнавање, што од другите не било прифатено.

Досието „Темел“ датира според документите од февруари-март 1995 година, па се до крајот на октомври 1998 година, односно непосредно пред смената на тогашната Влада. Во досието, како што додаде, има документи за студентските протести, состаноци на организаторите на протестите, за митингот на тогашната опозиција, па и за внатрепартискиот раскол. На седницата лустриран е и еден помошник-министер за внатрешни работи, кој е починат и неговите податоци, како што нагласи портпаролот, нема да бидат објавени на веб-страната на Комисијата.

Преживеал и текст-информација на ПУЛС24.МК

Уште еден поранешен министер за внатрешни работи е лустриран од Комисијата за верификација на фактите. По Љубомир Фрчкоски, денеска е лустриран Томислав Чокревски, професор во пензија и министер за внатрешни работи во владата на СДСМ од 1995-1998 година.

Лустрациската комисија денеска го разгледуваше досието „Темел” и го прогласи Томислав Чокревски за овој случај. Во досието „Темел”, кое беше објавено и на социјалните мрежи, главно следени биле членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што дознаваме, досието „Темел” неодамна на Комисијата за верификација на фактите го предаде Филип Петровски.

Освен Чокревски, лустрирани се уште 11 лица вклучени во акцијата за следење „Темел” од 1997 од студентските протести, па се до октомври 1998 до промена на власта. Тие ја злоупотребиле функцијата и незаконски го следеле врвот на тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ, велат од Комисијата, која едногласно, со исклучок на Чедомир Дамјановски, гласала дека „Темел” било досие отворено од идеолошки причини.

За Дамјановски нема основ за лустрација на Чокревски затоа што следењето не било од политички побуди, туку од безбедносни причини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *