ГРЧКИОТ ГЕНОЦИД ВРЗ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО КОНТИНУИТЕТ: ОД ПРОМЕНАТА НА ТОПОНИМИТЕ И МИКРОТОПОНИМИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ОД 1912, ДО СПОГОДБАТА ДИМИТРОВ-КОЅИАС ОД 2018 ГОДИНА
Со указ на инородниот “грчки“ крал Георгиос Први од 31 октомври 1912 година, грчкиот премиер Елефтериос Венизелос воспоставува времена управа во окупираните територии на Македонија. И започнува систематскиот геноцид: промена на лилните имиња, промена на топонимите, оронимите и хидронимите, прогон на Македонците, депортации на Македонците по островите во Егејското Море, доселување на инородно население од Мала Азија во родните домови на насилно протераните Македонци, забрана на Македонскиот јазик, рушење на македонските цркви и презографирање на сите написи од Македонски јазик на Грчки јазик во нив…
… И чисто информативно, колку да не заборавиме колкава е “античката“ историја на Атина: Данецот Ѓорѓи, по грчки Георгиос, роден на 24 декември 1845 во Копенхаген – починал на 18 март 1913 во Солун, крал на Грција од 30 март 1863 до 18 март 1913 година, бил првиот крал на Грција од династијата Шлезвиг-Холштајн-Сондербург-Гликсбург, син на данскиот крал Кристијан IX. Кога данскиот принц застанал на грчкиот престол, имал само 17 години. Во 1867 година Георгиос I се оженил за големата кнегиња Олга Константиновна (1851-1926) од руската династија Романови. Тие се венчале во 1867 година. Инаку, како прв монарх на новата грчка династија, владеењето на Георгиос I од речиси 50 години (најдолга во историјата на современата Грција) се карактеризира со големи територијални придобивки на Грција, која Атина ги добила до започнувањето на Првата светска војна. Тој бил убиен во Солун, во времето на Првата балканска војна, од страна на Александрос Схинас, грчки анархист. Наследник на Георгиос I бил неговиот син, Константин I…
Со Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година, исто така, се врши систематски геноцид, само што тоа врз Македонците го спроведува инородна марионетска власт на Зоран Заев: промена на топонимијата, бришење на придавката Македонски/а/о од сите државни и јавни установи и претпријатија и институции, преименување на сите споменици во Македонија од пред новата ера, промена на регистарските таблички, промена на личните исправи на населението, промена на сообраќајните табли, казни за сите што не ја користат промената на имињата, отфрлање на сите барања до надлежните институции, установи и претпријатија ако не се користат преименувањата, забрана за средства од државниот и локалните буџети на сите кои го користат името Македонија и нејзините придавки… Злосторничкото здружение Уставен суд, за жал, ги отфрла сите иницијативи за заштита на правата и слободите на граѓаните… Читајте ги грчките закони во коментаров и нивната примена денес во Македонија, во обидот Македонија од држава да стане територија без народ и историја чиј администратори се Атина и Софија… Во време на борба во светот против колонијализмот, да помислиш дека една одродена квислиншка власт ќе преживее неказнето, со ваков терор врз мнозинскиот Македонски народ во државата Македонија е лудост! Никогаш нема да се спасат од проклетството и судот на народот, историјата и судската власт! Никогаш! Како што ги бркаше нацистите и фашистите Симон Визентал од Втората Светска Војна, така ќе ги брка овие одродници и велепредавници, македонската народна власт, која кога тогаш ќе влезе во институциите на власта на државата Македонија. Македонците во историјата воделе, војни, бунтови, востанија па се ослободиле од окупаторите, нема да мине долго време кога Македонците ќе се справат и со оваа велепредавничка багра… И нема дупка на земјината топка каде што ќе можат се скријат тие и нивните наследници со украдени пари од Македонскиот народ…
Но, да почнеме…
Уште од нејзиното создавање како држава во 1830 година, официјална Грција се најде во неприлика поради многубројните негрчки, пред се` македонски називи на нејзината државна територија.
Покрај многубројната историска фактографија, странските научници се повикуваат и на топонимите кои претставуваат сериозна агрументација за нивните тврдења.
Соочени со оваа проблематика, постепено и без врева, грчката држава ги менуваше имињата посебно на поголемите градови кои носеа македонски имиња.
Со приклучувањето на Тесалија кон Грција во 1897 година, Грција уште повеќе се соочи со овој проблем и не само поради многубројните македонски називи на населените места, туку и на другите топоними.
Поради тоа, според мислењето на грчката држава, проблемот на преименувањето на топонимите можеше поефикасно да се реши со формирање на специјална комисија која систематски ќе ја проучува оваа проблематика и што поитно да пристапи кон преименување на топонимите, инсистирајќи пред се` на давање на грчки имиња.
За таа цел, постоеле и други причини. Имено, Грција имаше аспирации кон Македонија, каде што не само топонимите, туку и апсолутното мнозинство на населението беше македонско, додека грчкото малцинство претставуваше околу 10% од вкупното население во Егејскиот дел на Македонија.
– Комисијата за топоними на Грција, чија мошне важна задача е отфрлање на сите туркофонски имиња (се избегнува зборот македонски, н.з.) на селата и на општините, кои го трујат и го грубат ликот на нашата убава татковина, а даваат повод за неповолни заклучоци за грчката нација кои противничките народи ги употребуваат против нас, со Указ на Министерството за внатрешни работи реши да ги засили своите напори за менување на странските имиња со грчки. Денешните топоними не се случајно избрани. Тие имаат своја причина, свој живот, своја историја со околната природа, со жителите, со историјата… Дел од нив се турски и словенски, за кои постои намера да бидат заменети, – се вели во циркуларното писмо што своевремено го издаде Комисијата за топоними во Грција.
Речеси веднаш по издавањето на циркуларното писмо од надлежната Комисија за топонимите, од Министерството за внатрешни работи била издадена специјална брошура со наслов “Совети за измена на имињата на општините и селата“, публикувана во Атина во 1920 година. Во исто време, при новоформираните окрузи во Егејскиот дел на Македонија биле формирани специјални поткомисии со задача на самото место да го евидентираат проблемот и да предложат нови имиња за селата и градовите во своите окрузи.
Во духот на истото циркуларно писмо во 1922 година под број 426, било публикувано и поопширно упатство на Комисијата за топоними, така што во Грција почнало засилено и активно да се работи во овој правец. Меѓутоа, поради Грчко-Турската војна од 1919-1922 година и се` уште неутврдениот мировен договор со Турција, како и поради големата преселба на населението, во Егејскиот дел на Македонија биле доселени 640.000 бегалци од Мала Азија и други места, процесот на забрзано преименување на населените места и другите топоними во Егејскиот дел на Македонија бил подзабавен.
Поради тоа, од 1918 заклучно со 1925 година, во Егејскиот дел на Македонија беа преименувани 76 населени места и тоа според следнава динамика: 1918 година 1 населба, 1919 година 2 населби, 1920 година 5 населби, 1921 година 4 населби, 1922 година 18 населби, 1923 година 18 населби, 1924 година 5 населби и во 1925 година 26 населби. Тогаш на удар се најдоа повеќе населени места во Леринско, Костурско, Воденско, Кукушко и Солунско.
Сепак, иако сите комисии за преименување на населените места и другите топоними работеле засилено врз основа на дотогашните законски акти и тоа не само во Егејскиот дел на Македонија, туку и во другите делови на Грација, се чуствуваше потреба од донесување на еден поцелосен закон врз основа на кој треба да се вршат сите преименувања во иднина. И таков Указ навистина беше донесен на 17 септември 1926 година, објавен во Владиниот весник број 332 од 21 септември 1926 година под наслов “За преименување на селата, градовите и гратчињата.”
Еве што се вели, покрај другото, во овој Указ:
“Член 1: По предлог на Комисијата за топонимите на Грција се дозволува преименување на странските или невкусните имиња на селата, градовите и гратчињата. Нивното преименување се врши со Указ што го издава Министерството за внатрешни работи.
Член 2: Со одлука на месниот окружен началник, во седиштето на секој округ за таа цел се формира надлежна комисија за проучување на преименувањето на селата, градовите и гратчињата.
Член 3: Комисијата прави список за преименување на селата, градовите и гратчињата со кусо образложение за причините поради кои е избрано новопредложеното име. Списокот се поднесува до Министерството за внатрешни работи кое од своја страна го испраќа до Комисијата за топоними на Грција на оценка.
Член 4: Комисијата за топоними на Грција, во рок од 15 дена од примањето на предложените преименувања се изјаснува во врска со нив и го известува Министерството за внатрешни работи, кое врз основа на тоа го издава потребниот указ за одобрување на предложените преименувања.
Член 5: Указот за одобрување на преименувањата се испраќа до надлежниот окружен началник и до сите министерства и дирекции на железниците. Тие се должни да издадат акти за преименување и за промените.
Член 7: а) По преименувањето на населбите се објавува список со нивното ново име. б) По објавувањето на овие списоци, апсолутно се забранува употребата на старите имиња.“
Од овој момент, сите акти за преименување на населените места и другите топоними ќе се засноваат врз оваа наредба, така што од септември 1926 година па до средината на ноември 1927 година, во Егејскиот дел на Македонија биле преименувани нови 945 населби.
Бидејќи донесените законски акти воопшто не ги прецизираа санкциите за прекршителите околу употребата на старите имиња, на 13 ноември 1927 година била донесена нова законска наредба, објавена во Владиниот весник број 287 од 13 ноември 1927 година. Со оваа законска наредба преточена во закон број 3432 од 12 декември 1927 година (Владин весник број 303/17 декември 1927 година) всушност се пропишуваат и се прецизираат санкциите што судовите треба да ги применуваат врз прекршителите, како и потребата преземените мерки на властите да се наметнат по секоја цена, односно новите имиња да почнат да функционираат и да се заборави се` што било поврзано со минатото.
“Член 5: Промената на печатот и на името на општината според даденото ново име се задолжителни, а секаква употреба на старото име од претседателот на општината или општинските советници во записниците на општинскиот совет или во преписката на општината претставува дисциплински прекршок што се казнува од Окружниот началник со дисциплинска казна од 50 до 200 драхми, а во определени случаеви истите можат да бидат суспендирани со одлука на Окружниот началник.
Член 6: На преименуваните општини и села им’ се наложува подигање на табли на централното место и при влезовите во селото, кај главните патишта. На таблите се запишува новото име на населбата. Непочитувањето или симнувањето на таблите се казнува во согласност со членот 429 од Законот за прекршоци.
Член 7 став 2: По објавувањето на новите имиња апсолутно се забранува употребата на старите имиња од јавните власти и органи, во официјалната преписка како и во преписката на здруженијата, корпорациите, задругите и другите правни лица.
Член 7 став 3: Прекршувањето на оваа забрана претставува кривичен прекршок што се казнува со казна од 100 драхми или со притвор од 10 дена.
Член 7 став 4: Молби од приватни или правни лица кои се поднесуваат до јавни служби може да не се земат во предвид ако во нив не се спомнува новото име на местото на живеење, на градот или селото кое е веќе преименувано, на лицето кое ја поднесува.
Член 7 став 5: Сведок, тужител или друго лице, кое се испитува во судот, а како место на живеење или раѓање го именува старото име на градот или селото, според оценката на судот може да биде казнет според ставот 3 од овој член.“
По сила на овие законски наредби, упатства и други прописи, надлежните комисии при окрузите за преименување на топонимите и Главната комисија во Грција при Министерскиот совет, од 1918 до крајот на 1928 година во Егејскиот дел на Македонија преименувале 1.497 населени места.
И покрај овие закони, веќе на 13 март 1929 година е донесен нов закон со кој се даваат детални упатства и обврски за продолжување на задачата за преименување на топонимите.
По сила на овој закон и на претходните закони и упатства, дополнети и со законите број 6429 од 18 јуни 1935 година и законот број 1418 од 22 ноември 1938 година, од почетокот на 1929 заклучно со април 1941 година во Егејскиот дел на Македонија биле преименувани уште 39 населби…
Геноцид на дело!