Го сакам Орвел. Чист е. Јасен. Кој разбира, се разбира.
Цитати од неговата 1984 преведував на Македонски, затоа што во 1997 не беше преведен во Македонија. Истите ги искористив при настапот на вестите на СИТЕЛ, кога од полицијата бев обвинет дека ги предводам протестите како член на УМС на ВМРО.
И сум среќен што го користев. Што ми падна во раце. А за протестите нашироко во друга прилика. Сега само оваа негова мисла (истата нема да ја преведам, кој ќе разбере – разбрал).
Понатамошно читање: ВИКИПЕДИА иако не ги сакам многу затоа што се западнати во политичко навивање и се далеку од објективни…
Ова познато ви е? Посебно ако го аплицирате на МАКЕДОНСКИОТ СЛУЧАЈ?!
Никој не ги послуша драматичните предупредувања на Џорџ Орвел поради кои страдаме денес
Еве уште нешто од него што успеав да најдам на Македонски:
– Кој го контролира минатото, ја контролира сегашноста. Кој ја контролира сегашноста, ја контролира иднината.
– Војната е мир. Слободата е ропство. Незнаењето е сила.
– Јазикот на политичарите е создаден така што лагите звучат искрено, а убиствата се оправдани. Тие даваат привид на цврстина на чист ветер.
– Во наше време не постои нешто што се вика „да се држи надвор од политиката“. Сите важни работи се однесуваат на политиката, а политиката сама по себе се темели на лаги, измами, омраза и шизофренија.
– Сите животни се родени еднакви, но некои животни се повеќе еднакви од другите.
– Секоја воена пропаганда, сето врескање, лаги и омраза секогаш доаѓаат од луѓе што не се борат.
– Големиот брат те гледа!
– Ако слободата воопшто значи нешто, таа значи право да им кажеш на луѓето нешто што не сакаат да го слушнат.
– Самиот концепт на објективна вистина полека го напушта светот. Лагите влегуваат во историјата.
– Во времето на светска измама, зборовите на вистина се револуционерно дело.
– За да преживеете, неопходно е да се борите, а за да се борите, мора да се извалкате.
– Новинарството е пишување на она што е забрането – сѐ друго е пи-ар.
– Ако сакате слика од иднината, замислете како чизма го гази лицето на човекот… засекогаш!