Филип Петровски кој е дел од Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во изјава за „Фокус“ жестоко ја осуди последната изјава на лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.
Мицкоски изјави дека оние кои се за бојокот на референдумот се гласно малцинство со чиста идеја, но контаминирано со лажица фекалии налепени од некој друг. Оваа изјава според Петровски, кој и самиот се залага за бојкот на референдумот, е срам, но логично однесување на една, како што вели, странска марионета.
-Ова е брука и срам за човекот што дојде на чело на ВМРО-ДПМНЕ со наместен конгрес, за човекот кој нема став за ниедно национално прашање веќе 8 месеци, за човекот кој нема став за промената на уставното име, за човекот кој бараше од Заев тајно да се преговара зад грб на македонскиот народ.
Срам за човекот кој се фали дека секоја недела по три пати му се јавувала Меркел, за Бејли да не зборуваме.
Но, логично однесување на странска марионета која чека да дојде на ред да седне во премиерска фотеља. Мицковски ќе биде запаметен во нашата историја исто како и Заев, да ме држите за збор, вели Петровски.