До сите народноослободителни одбори во Македонија (HOO)
Целото слободољубиво и напредно човечество води денеска борба на живот и смрт против средновековниот мрак, ропството и тиранијата, против германскиот фашизам и сите негови помагачи. Хитлерова Германија донесе на поробените европски народи најцрно средновековно ропство, глад и сиромаштија. Затоа денеска поробените од фашизмот европејски народи се придружуваат на фронтот на слободољубивите народи на чело со Советскиот Сојуз најголемата славјанска земја, со своите сојузници Англија и Америка. На тој начин и пред македонскиот народ се постави прашањето на кој фронт да се придружи. Да ли на фронтот на слободољубивите народи или на фронтот на најцрната средновековна реакција.
Некој издајници на македонскиот народ се опитаја после разгромот на Југославија да го впрегнат нашиот народ во фашиската кола на Хитлерова Германија. Искористувајќи ја омразата на нашиот народ против старата Југославија – зандан на народите, овие издајници почнаја со својата претседателска гнасна работа, да го убедуваат нашиот народ како го ослободил Хитлер. Исто така, со сите напрегнати сили преку штампата, радиото, скаски, тржества и друго, се трудеја да му докажат на нашиот македонски народ како Македонците не са Македонци, ами Бугари или македонски Б’лгари, и оти Македонија под мудрото раководство на цар Борис се обединила со мајка Бугарија. Овие издајници за една ноќ се откажаја од својот народ и од своето национално порекло како Македонци и станаја стопроцентни Бугари.
Но македонскиот народ не тргна по патот по кој сака да го поведат тие издајници, слуги на германо-бугарските окупатори во Македонија. Не тргна затоа што се увери на дело во течение на овие три години оти германо-бугарските окупатори и нивните слуги – на брза рака побугарени Македонци – му донесоја најцрно средновековно ропство и тиранија. Тие направија пустелија во нашата татковина. Тие извршија безброј грозни убијства и колежи над невиното население, мажи и жени и деца низ целата наша татковина. Тие потпалија безброј села во Македонија. Тие ги наполнија затворите и логорите со челадта на македонскиот народ. Тие ги ограбија селата, градовите во цела Македонија и посеаја беда и сиромаштија.
Затоа македонскиот народ безрезервно се определи за страната на фронтот на слободољубивите народи во борбата против предизвикателот на целото сегашно зло – германскиот фашизам и сите негови помагачи.
Во текот на сегашната војна македонскиот народ јасно виде кој му е пријател, кој му е непријател. Тој на дело се увери оти сите народи во Југославија, со исклучение на големосрпската хегемонистичка клика, му биле и му остануваја верни пријатели и браќа во неговата цврста борба за национална слобода. Сите тие југословенски народи 23 години му биле сојузници во заедничката борба против големосрпската хегемонија против бившата Југославија – занданата на народите, борејќи се за една братска заедница на равноправност на народите на Југославија. Тие останаја негови најдобри пријатели и во оваја народно-ослободителна борба против германо-бугарските фашиски окупатори. Тие му останаја негови најдобри пријатели и сојузници во борбата на изградување уште во течението на ослободителната војна за нова државна заедница и равноправност на народите во нова демократска федеративна Југославија во која и Македонија е призната за равноправна федерална единица. Во таја нова државна заедница, која е сторена на II-та скупштина на Антифашиското веќе на народното ослободување на Југославија (се однесува на Второто заседание на Антифашистичкото веќе на народното ослободување на Југославија АВНОЈ – одржано на 29 ноември 1943 година во Јајце) македонскиот народ доби полна национална слобода и равноправност. Со това се постигнаја вековните идеали на нашиот народ за национална слобода. Со това наполно се постигна целта на Илинденското востание и целта на денешната народно-ослободителна борба. Македонскиот народ добива веќе слобода, за која даде толку многу крв и жртви.
Затова, треба брзо да пристапиме на следните задачи:
1) Да се организираат масовни собранија по сите градови, села и општини на ослободената територија и на тие собранија да се изберат градски, селски и општински народно-ослободителни одбори, како органи на новата народна власт. На неослободената територија, пак, треба на мали тајни конференцији да се изберат градски, селски и општински народно-ослободителни одбори, који ќе бидат органи на борбата и на новата народна власт. Исто така, на градските и општински конференији да се изберат делегати (од избраните во народно-ослободителни одбори или други лица), који ќе одат на околијските конференцији.
2) Да се организират околијски конференцији на који ќе дојдат избраните делегати (градски и општински), за да се изберат околијски НОО-и. Исто така, да се изберат и делегати за да одат на окружните конференцији.
3) Да се организират окружни конференцији, на који ќе дојдат избраните околиски делегати. На тие конференцији да се изберат окружни НОО-и. Исто така, на тие конференцији да се изберат званични делегати на Антифашиското собрание на народното ослободување на Македонија. Тие делегати ќе се зберат на определено место, кај што ќе бидат повикани за формирање Антифашиско Собрание, кое ќе биде највисокиот орган и народната власт во Македонија. Во сите горе предвидени избори важно е во изборот било на мажи или на жени, без обзир на нивната верска или политичка припадност, да бидат лица који на дело покажале преданост на нашата народно-ослободителна борба. Тие треба да бидат луѓе сложни со политичката линија во Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија од октомври 1943 година. (Манифестот на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, како политичко-програмски документ во кој се содржани целите на борбата на македонскиот народ, е издаден од Главниот штаб на НОВ и ПОМ во првата половина на октомври 1943 година на слободната територија во Западна Македонија, поточно во селото Црвена Вода, во подножјето на планината Караорман – б.р.) Само на тој начин и по тој пат, ние ќе можеме да го постигнеме борбеното единство меѓу фронтот и позадината, без које не може да се замисли полна победа.
Никогаш не треба да се заборави оти нашиот народ денеска се најдува во течение на ослободителната војна, нашите народно-ослободителни одбори треба да извршат најширока мобилизација на позадината за помош на нашата војска, на нашиот фронт. Конкретно нашите НОО-и треба:
1. Да извршат најширока мобилизација на нови борци за нашата млада народна војска. Акцијата за таква мобилизација треба да се спроведе со парола: сите во нашата млада војска – Сите во нашите прославени бригади.
2. Да се спроведе најширока мобилизација на целиот народ за сестрана помош на нашата војска во храна и облекло. Акцијата за таква мобилизација треба да се спроводи со паролата: ниеден војник на нашата народна војска, која леје крф за својот народ, не смеје да биде нити гол нити бос, нити гладен.
3. Да се подига борбениот дух кај широките народни маси, кажувајќи им за успесите на нашата прославена војска, и војските на нашите сојузници и за сигурноста на нашата победа.
Нивните задачи би биле:
1. Да организираат обработување на сета зиратна земја, и нејзиното посевање со жито, или друго што одговара на таја земја.
2. Да организираат обработување на напуштената земја во полза на народно-ослободителниот фонд. Напуштена земја се смета онаја земја, на која стопаните се избегани со непријателот со целата фамилија.
3. Да се потрудат за полскиот алат на време да е приготвен и правилно поделен.
4. Да веднаш, брзо почнат да собират семе за оваја година. Сите НОО-и треба овогодишната полска акција да ја спроведат со парола: сe’ за победата.
Фторо, сите НОО-и треба да водат строга сметка за положението на целокупното народно богатство. Затоа, НОО-и треба веднаш да пристапат на прибирање сведенија за количината на работната земја со инвентар, за количината на непријателските имоти, за количината на државни, манастирски и црквени имоти, за бројното положение на живата стока, за колите со запрега, за положенијето на индустријата, за положенијето на рудниците, срушени и несрушебни, и.т.н.
Трето, сите НОО-и треба да водат сметка за зверствата, пакоста и сите други зулуми који ги врши окупаторот над нашиот народ, било направо, било преку својите слуги, домашните издајници. Затова, НОО-и треба веднаш да пристапат на прибирање сведенија: за бројното положение на изгорените домаќинства, и кој ги потпалил, за бројното положение на опљачканата стока од Германците и нивните слуги, за бројното положеније на бежанците на слободна територија, итн.
Четврто, сите НОО-и да водат сметка за положенијето на народното здравје, и за мерките кои треба да се превземат за подобрување на здравјето кај широките народни маси. Затоа, НОО-и веднаш да пристапат на прибирање сведенија за заразните болести и возможностите за изолирање на тие заразни болести и какви лекови треба за тие болести, и какво е положението на здравствената служба и. т.н. Пето, сите НОО-и треба да водат белешки за сe’; народот штио дава за нашата војска и то било со реквизиција, било доброволно, било со купување. За с1 треба да ги звестујат повисоките органи на народната власт.
Шесто, сите НОО-и треба веднаш да извршат попис на населенијето и резултатот да го достават на повисоките органи на народната власт.
Сите НОО-и треба на време и точно да пристапат за извршувањето на наредбите од ова писмо. Само со брзо и енергично спроведување на пракса задачите изнесени во ова писмо, ќе може народно-ослободителната борба во Македонија да добије еден нов полет. Само по тој пат борбата што ја започна нашиот народ ќе се распламти и ќе се рашири до сенаторната вооружена борба против фашиските окупатори и нивните слуги.
- Смрт на фашизмот – Слобода на народот!
- 14 март 1944 година
- Со другарски поздрав,
- М. А. Ченто, с.р.
- Претседник на Иницијативниот одбор за свикување на А.С.Н.О на Македонија