Приговор од група членови на АНОК на Манифестот на главниот штаб на НОВ и ПОМ

Во рамките на подготовките за свикување на Антифашистичкото собрание на Македонија АСНОМ, на почетокот на октомври 1943 година, Главниот штаб на НОВ и ПОМ до македонскиот народ и народностите издава Манифест,  кој беше широко растурен низ цела Македонија. Во Манифестот беа изнесени целите на народноослободителната борба. Програмата изнесена во него беше позитивно примена и сретна голем одглас во сите слоеви на народот., иако целосно не ги отсликуваше желбите на народот.


Акционен народноослободителен комитет на Македонија (АНОК) — орган на македонското национално ослободително движење, формиран есента 1943 година во Скопје.

Во неговиот состав влегувале интелектуалци и активисти на ослободителното антифашистичко движење во Македонија.

Вршел функција на највисоко тело на НОФ на Македонија пред неговото формирање. Ја координирал и ја сочувал работата на Народноослободителен одбор на окупираната територија од вардарскиот дел на Македонија.

Вршел подготовки за формирање повисоки органи на народната власт. По формирањето играл улога на највисок Народноослободителен одбор.

Распуштен бил со формирањето на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ.


Група членови, во најголем дел интелектуалци, на АНОК (Акционен народноослободителен комитет) на Македонија, разочарани од ставот во врска со целосното решавање на македонското прашање, ставија приговор кон Манифестот.

За ваквиот приговор на членовите на АНОК, во писмото испратено до Централниот комитет на КПМ, К. Јосифовски ќе ги окфалификува како лица кои сеуште не ја разбрале народноослободителната борба и затоа прашањето на Македонија го поставуваат тесно националистички и само на фраза „општо балкански“. Поистоветувајќи ги како македонски шовинисти, кои своите ставови како интелектуалци од градска средина ги стекнуваат движејќи се меѓу чаршијата и интелегенцијата, каде се поставувало македонското прашање апстрактно, тој заклучува дека не можат да и наштетат на НОБ дека не се во големо мнозинство.

Погледнати од денешен аспект овие ставови на членовите на АНОК се доста интересни и затоа без коментар, нивниот „Приговор“ објавен во „Документи за борбата на македонскиотѕ народ за самостојност и за национална држава“, том први,Скопје 1981 година, го даваме во целост:

„9 декември 1943 г.

Манифест на Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ

 

До главниот штаб на Македонската народно освободителна војска и П.О.

 

Некаде во Македонија.

„Реч – Народноослободилачка борба – била би само једна фраза, па чак и превара, када она не би имала осим општејугословенског смисла и национални смисао за сваки народ посебице, тј. када она не би значила осим ослобођења Југославије у исто време ослобођење – Хрвата, Словенаца, Срба, Македонаца, Арнаута, Муслимана итд… У томе и јесте суштина народноослободилачке борбе…”

тито
(„Пролетер” бр 1б-декември 1942 година)

„Никога до сега, македонски народе, не си имал толку убаво положение и толку многу сојузници за да ти се изполни твојот вековен идеал – СОЕДИНЕНИЕТО НА МАКЕДОНИЈА… За това требе да создадеме заедно фронт со сите балкански народи во борба против фашистките окупатори и против секој империјализам на Балканот…”

(От манифестот)

Драги другари,

Манифестот, изпратен од Вас до Македонскиот народ, изполни со радост и гордост срцата на сите чесни Македонци, поради следните два факта:

1) Образуването на македонска народно освободителна војска и

2) формирането на раководството на таја војска – нејниот Главен штаб. И преди образуването на Штабот целиот наш народ следеше со трепет борбата на својте најарни синови, во таја неравна но геројска борба. Илинденското востание се повторуе денеска со борбите на народно-ослободителната војска и партизанските отреди и нови светли страници, исписани со крвта на борците за свободата на нашиот народ, обогатујат нашата историја. Но, таја славна борба е едновремено и дел от борбата на сите слободолубиви народи за окончателното уништуење на фашисткото зло и за утрешниот нов свет, во кој сите народи кје се радуват на полна национална слобода, политическа равноправност и социјална справедливост.

Манифестот, гледан во таја светлина, е акт от историческо значение, наред со манифестот на Крушовската република и Уставот на Натрешната Македонска револјуциона организација на Гоце, Даме, Гјорче Петров и Пере Тошев, којто требе да начертае принципите и задачите на Македонската Народно-освободителна борба, имајки пред вид миналото на нашиот народ, неговите идеали – национално обединение, на базата на братството на балканските народи – гледано во конкретната воеднополитическа обстановка.

Бидејќи акт от такво големо значение, манифестот предизвика коментари во сите краишта на Македонија. Секој што политически мисли си даде мнението по него. Па Акциониот комитет на народно-освободителната борба во Македонија и 8-те души от повиканите во Македонското Народно собрание, синтетизирајки ги различните забелешки на манифестот, сметава за своја должност да изнесат пред Штабот најоснованите забелешки, со цел да обрнат внимание на Штабот, којто е денеска единствено одговорен за правилното или неправилно поставуење и објаснуење на Народно-ослободителната борба и со цел да допринесат за целостното мобилизиране на Македонскиот народ во денешната гигантска борба со оглед на конкретната воено-политическа обстановка и идеалите на нашиот народ. Сведени на по важните, забелешките се следните:

Говор на Панко Брашнаров на АСНОМ (без јазични интервенции – 100 проценти оригинал)

I. ФОРМАЛНИ ЗАБЕЛЕШКИ:

 

1. Какво требе да претходи на издаването на еден манифест, т.е. што е претпоставка за издаването на еден манифест?

На еден манифест винаги требе да му претходи некој основен акт, безразлично да ли тој се викал: устав, платформа или правилник, во кој акт требе да се синтетизират во неколку точки основните принципи на народната борба. Тој акт би требало да е „Вјерују” на секи Македонец. Манифестот, пак, иде да обнародува и објасни по подробно, во популарна форма, принципите на основниот акт и по тоја начин да им даде широка гласност, за да ги направи извесни на сиот народ.

Во нашиот случај, Штабот се е обрнал до народа со еден манифест на кој не претходи никаков основен акт, којто да е предпоставка за излизането со манифесто пред народот. Заради това, и целиот манифест, макар да носи името манифест е еден обникновен позив во македонскиот народ и ако во него се засегнати основните принципи на македонската ослободителна борба.

2.  Компетенцијата на Штабот

Во сврска со првиот вопрос се поставуе за компетентноста на Штабот да издаде манифест, во кој се определујат ВО ОКОНЧАТЕЛНА ФОРМА идеалите, принципите на Народноослободителната борба, како и по кој пат да се тргне за остваруењето на така поставените принципи, засегајќи при това и конкретни политички воспроси, по кој Народното собрание е единствено компетентно да си каже думата и по кој вопрос не може да се изјаснјава Штабот, преди да е свикано Собранието. А това заради следните причини:

Штабот е нс само и предимно воено тело на Народно ослободителната борба, но Штабот, составен од 11 души, не е смеел да определује, ВО ОКОНЧАТЕЛНА ФОРМА основните линии на борбата, а и дума да не става за определуење на конкретни политически ангажименти.

Но, кога е навлегол во компетенцијата на Народното собрание, то Штабот е требало опште во началото на Манифестот да каже, ОТИ МАНИФЕСТОТ ИМА ВРЕМЕНЕН КАРАКТЕР ДО СВИКВАНЕТО НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ, које е единствено компетентно во дефинитивна форма да определује, основните принципи на борбата ни, како и да приеме конкретни ангажименти во дадената конкретна политическа обстановка.

Не одејки по тој пат, Штабот ризикува да биде по некој воспроси корегиран от Народното собрание, пред вид на неговата компетенција. Това, пак, би имало недогледни последици по работата и би накрнило авторитетот на Штабот и целата ослободителна борба пред народот, а това е, разбира се, што не се сака от никого. Това би дало материјал на нашите противници да говорат оти целата борба е несериозна и без основно проучуење на најделикатните воспроси.

Во сврзка со това за напред би требало јасно и прецизирано да се разграничат должностите и правата на двете тела – Штабот и Народното собрание, за да се иде до такви положенија, а се во интерес на ефикасното и правилно раководење на народната борба во двата и дела: воениот и политическиот, како и најсетне, кој има последната дума при евентуални разногласија меѓу Штабот и Народното собрание.

Што треба да знаеме (а не знаеме) за АНОК!

3. Други, по малки формални забелешш

Манифестот, како што рекофме, обнародува основните принципи на една организирана борба. Вашиот манифест, без нужните елементи на еден манифест, не може да биде манифест. Точно речено, тој е позив до македонскиот народ, како и многу други до сега издадени позиви. Заради това, и оти во Манифестот на 9 страници вие расправуете сума работи, на којто не им е месгото во еден манифест, а основните принципи на македонската народно ослободителна борба или не се засегнати или се губат во лавиринтот на малко важни вопроси. (Пример: само со две-три думи се говори за миналото на македонската народно ослободителна борба, без да се прикажат најсветлите моменти на таја борба и се поврзат како револуционо наследство со днешната народно ослободителна борба, која да се види оти е само продолжение на таја борба, само под нова политичка обстановка. А се оделује многу место во Манифестот за разни политички мртовци, како Китинчев, Гјузелов, Чкатров и други, на кој им чиниме реклама и чес кога ги напајгјаме, а особено, пак, кога се говори за Дража Михајловиќ, кој во Србија ништо и никого не претстављава а за Македонија и да не говориме (Ете тија работи, на кој не им е местото во манифестот, а тие не се малку, Манифестот го прават позив а не манифест.)

Најсетне, завршувајки со формалните забелешки, требе да се напомне, забележеното от многу свет, оти Командантот не е требало да се прекрстуе от Мијалче или Мише во Михајло, на глед дребна работа, но сепак, работа која многу дразни чувството на Македонецот а дава храна на непријателите да не крстат така или онака. Нешто слично е со думата „Јелисије” и думата „положај”.

 

ЗАБЕЛЕШКИ ПО ВОПРОСИ КОЈ ДОКОСНУЈАТ ОСНОВНИТЕ ПРИНЦИПИ НА МАКЕДОНСКАТА НАРОДНО ОСЛОБОДИТЕЛНА БОРБА

 

Во статијата на Тито „Национално питање у Југославији у светлости народно-ослободилачке борбе”, се поставујат основните принципи на народно-ослободителната борба на народите во Југославија. Изјаснавањето на Тито по основните принципи на таја борба, ние го зедохме како мото на нашето писмо-изложение. И не случајно. Во статијата му, а по специјално во делот от статијата што го цитираме, се кажуват следното: „Народно-ослободителната борба кје биде празна фраза, па дури и лага, ако она не би имала освен обшто југословенски смисал и национален смисал за секи народ поотделно, т.е. кога таја борба не би значила освен ослободуењето на Југославија во исто време и ослободуењето на Хрватите, Словенците, Србите, Македонците, Арнаутите, Муслиманите и т.н., кога народно ослободителната борба не би донела слобода, равноправност и братство на сите народи во Југославија. Во това е саштината на народно-ослободителната борба.” От така преведените думи на Тито излева следното:

1) Народно-ослободитвлната борба треба да доведе до ослободуењето на Југославија

2) Таја народно ослободителна борба требе да донесе национална равноправност на сите народи во Југославија и

3) Таја слобода може да е спечели секој народ само со пушка во рака.

Прокламираните горни три принципа, приложени на македонската дејствителност, значат: слобода и равноправност на една трета част от Македонија, која беше преди 1941 година во границите на бивша Југославија, или приложен до крај принципа оти таја борба требе неминуемо да значи и национална слобода и на отделните  народи, за нашија народ она нема да донесе слобода и равноправност, ОТИ ЧАСТИЧНО ОСЛОБОДЕН  НАРОД НЕ Е СЛОБОДЕН. Но, понеже Тито изправно е поставил теоретски необходимите условија за ослободуењето на еден народ неприложимоста на така поставените принципи на македонската дејствителност, значи, да во тесните рамки на Југославија неможе целостно да се разреши македонскиот национален вопрос. И во миналото, како от нашите дејци во ослободителното движение, така и от тугјите борци и движенија винаги се е сметало оти решението на македонскиот вопрос е возможно само во една федерација на Балканските народи, заради това, оти нашиот вопрос е општобалкански. Географското положение на Македонија, тугјите пропагандни влијанија и империјалистички тежненија за завладјаването на Вардарската долина и Солун (т.е. Македонија) создале ривалство мегју балканските народи околу Македонија и направиле од Македонија обект на империјалистичните апетити на балканските и изванбалканските завоеватели, Така создаденото положение, доведе до поделбата на Македонија за да се задоволат по тој начин тежненијата на трите опколјавашти Македонија империјалисти. Поради това специјално положение, проблемот на Македонија, се појавује во по особена светлина отколку националните проблеми на другите поробени народи во бивша Југославија. Повтараме: ПРОБЛЕМОТ НА МАКЕДОНИЈА И НЕГОВОТО РАЗРЕШЕНИЕ НАДХВРЛУЕ  РАМКИТЕ НА БИВША ЈУГОСЛАВИЈА..

… Кога констатираме, от една страна, оти Тито е правилно поставил принципите на Народно-ослободителната борба на народите во бивша Југославија, а от друга страна, оти баш заради така поставените принципи македонскиот вопрос надхфрлуе рамките на Југославија и не може целостно да се разрежи во таја „југословенска комбинација”, питаме се: што е накарало југословенското народно ослободително движение а по отделно самиот Тито, да викне и македонскиот вопрос за разрешаване во комплексот на националните впроси на другите народи на Југославија? Затова може да се најдат три причини и објасненија:

1)  Неосведоменост на југословенското народно освободително движение. по специјално на Тито, за националните тежненија на македонскиот народ, за неговата минала револуциона борба, за днешните му идеали во таја народно ослободителна борба и вечнија му копнеж, да се еден пат за секога со сите сили заработи за соединението на Македонија  – единствено возможното решение на Македонскиот вопрос, гледан от Македонска гледна точка и от обшто балканска призма. Не решение на македонскиот вопрос на парче, во една чужда на него, искуствена конбинација – Југославија, со која не го сврзуе никакво политичко наследство а е символ на неговото најцрно робство, а целостно решење во една широка комбинација.

2)  Втората причина за такво гледање на македонскиот вопрос може да биде: желанието на најпрогресивното за денеска народно-ослободително движение – југословенското – да собере околу себе шо повејке  от поробените народи на Балканот, баре тија што живејева во бивша Југославија, за да може по ефикасно да се концентрира и засили, под едно обшто раководство, главната борба денеска на сите поробени народи – уништожуењето на фашизма – главната пречка за слободата на народите.

И верно. Може да ни се префрли думата, оти сме заборавили тоја основен постулат на днешната борба, оти излегујеме от тесно схванати национални интереси и оти превидуеме главното за по дробното и т.н.

Но, драги другари, тија забелешки не би отговарале на истината. Ние не забраваме и не превидуеме, повељата на днешното време – БЕЗПОШТАДНА БОРБА ДО ПОКОПУЕЊЕТО НА ФАШИЗМА, а само излезуејки от неја, сакаме да најдеме правилно разрешение на нашиот, може би најтежок национален вопрос, за да можат да се остварат предпоставките за полното мобилизиране на сите материјални, човешки и духовни сили за таја превасходна борба. САКАМЕ САГЛАСУВАНЕ НА ВРХОВНАТА ПОВЕЉА НА ДЕНОТ СО НАШАТА НАРОДНА ПОВЕЉА, ОТИ БЕЗ ПРАВИЛНОТО ПОСТАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ВОПРОС ВО НЕГОВАТА ИСТИНСКА СВЕТЛИНА, ПРЕД САМИОТ НАРОД, ВО СОГЛАСИЕ СО ТЕЖНЕНИЈАТА НА ТОЈА НАРОД, НЕМА ЕДИНЕНИЕ НА НАРОДА, НЕМА ИСТИНСКА НАРОДНА ОСВОБОДИТЕЛНА БОРБА, НЕМА ИСТИНСКА АНТИФАШИСТКА БОРБА.

Вие тоа добро го знаете. И како шо рекофме порано, допустимо е и опростимо, ако југословенското народно освободително движение и Тито не познават днешната Македонска дејствителност, ако мислат, оти македонскиот народ кје се прегрне во днешната борба со сите сили, макар пред очите му да гледа утрешната картина на решен македонски вопрос на парче, но това не е допустимо и опростимо, ако нашиот Главен штаб не е излегол пред тија поменати форуми со истинското положение на тоја вопрос, со правите тежненија на македонскиот народ Това ви е била должност не само пред народа како негови синове на страж на борбата му а и како антифашистки борци, со оглед на денешната борба на сите слободољубиви народи.

Требело е, значи, да се објасни вопросот, да се објасни до крај. Но не само да се објасни а и да се потражи разрешение. А штом това објаснение би дало материјал да се види, оти македонскиот вопрос е комплексен, и разрешението му не може да биде на парче, нема човек, нем; форум, кој немало да увиди, оти тој вопрос требе да се постави инаку и оти требе да се најде истинското му разрешение во таква комбинација со таква политичка формула, која кје задоволи вековните идеали на македонскиот народ а едновремено кје допринесе максимум за мобилитирането му како и полното му участие во таја обштонародна борба против најголемото зло на човечеството.

Ако неосведоменоста на околните ни народи и движенија е причина за такво поставуење на македонскиот вопрос, таја причина може требе да се премахне.

Ако, пак, се мисли, оти само сврзани во една комбинација како Југославија, групирани околу југословенското народно освободително движение, ние највекје можеме да допринесене на днешната борба и да разрешиме нашиот македонски вопрос, тогај ние векје предварително одговорихме по горе: Македонскиот вопрос надхврлуе, при правилното му разрешение, рамките на Југославија и може истински да се разреши во една балканска комбинација. Поставиме ли го така, никако не би пречело на ЗАЕДНИЧКАТА НИ БОРБА ДЕНЕСКА СО СИТЕ ДРУГИ СЛОБОДОЉУБИВИ НАРОДИ, НИШТО НЕ БИ ПРЕЧЕЛО ДА ИМАМЕ ПО СИТЕ ВОПРОСИ СО ЈУГОСЛОВЕНСКОТО НАРОДНО ОСВОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕНИЕ САТРУДНИЧЕСТВО, А ОСОБЕНО ПО ВОЕНИТЕ ВОПРОСИ, НИШТО НЕ БИ НИ ПРЕЧЕЛО ДА ИМАМЕ СОГЛАСУВАНО КОМАНДУВАМЕ, КАКО И ДА САТРУД-НИЧИМЕ И СО СИТЕ ДРУГИ СЛОБОДОЉУБИВИ НАРОДИ И ДВИЖЕНИЈА, на прво место со нашите комшији, чиито правителства бева вчера или се денеска наши поробители. На сите народи денеска се налага заедничка борба и сагласуване, па и на нашиот народ, оти нашиот вопрос засега осетливоста на сите народи. Ништо нема да ни пречи ако сатрудничиме не само со југословенското народно освободително движение а и со балгарскиот „Отечествен фронт”, врзките со кој ни се никакви, со грцкото народно-ослободително движение, и на сите да им поставиме нашиот вопрос на изјаснение, како пред самите ним, така и от нифна страна пред народите им. По тија случај не требе да се заборави борбата на движението „Обединена В.М.Р.О.” во блгарскиот дел на Македонија која оште преди 1941 година јасно и недвусмислено изтакна принципа борба за прогресивна и обединена Македонија. Да си припомним и за писмото на Македонскиот народен представител от тоја дел на Македонија, Божин Проданов, изпратено до Др. Влатко Мачек, во кое се застпваше за целостна Македонија.

Ако не тражиме, никој нема да ни даде, АКО НЕ СЕ БОРИМЕ ОТ НИКОГО НЕМА ДА СЕ ОСЛОБОДИМЕ, ИЛИ НАЈСЕТНЕ, АКО НЕ СИ ПОСТАВИМЕ НИЕ ВОПРОСОТ ЗА ПОЛНО, ЦЕЛОСТНО РАЗРЕШЕНИЕ НИКОЈ НЕМА ДА ГО ПОСТАВИ НИ ДА ГО РАЗРЕШИ. АКО НАШАТА ПУШКА ДЕНЕСКА НЕ ГРМИ ЗА СОЕДИНЕНИЕТО НА МАКЕДОНИЈА, НИКОЈ ТОВА СОЕДИНЕНИЕ НЕМА ДА НИ ГО ПОДАРИ. АКО НИЕ СЕ ЗАДОВОЉАВАМЕ СО РАЗРЕШЕНИЕТО НА МАКЕДОНСКИЈА ПРОБЛЕМ НА ПАРЧЕ, ЕДЕН ПАТ ЗА СЕКОГА ПОДЕЛБАТА НА МАКЕДОНИЈА Е САНКЦИОНИРАНА. А това нешто кје има недогледни последици за нашиот народ и по целата обшто-балканска ситуација.

Излагајки до тука нашата саштествена забелешка, ние, слушаме далечното ви негодувание. Вие сте срдити. На глас ни довикувате: Па не сме ли ние тија што во Манифестот написахме думите: „Никога до сега, македонски народе, не си имал толку убави положение и толку многу сојузници, за да ти се исполни твојот вековен идеал – соединението на Македонија.” …„Не сме ли ние тија, што во името на тоја идеал поканихме целиот наш народ на борба, да грабне пушка и да си спечели слободата…”

 

Но, драги другари, не превидохме това нешто. Напротив, во нашето писмо – изложение до вас, тија други ви ги ставихме како второ мото, подчертахме ги дебело и ве поздрављаваме за ниф. За ни ве подздрављава и секи честен Македонец. Тија думи згреват срцата и ги прибират борците.

Но, да ли тие думи се остварими, при вашите предварително направени ангажименти за разрешението на македонскиот вопрос во рамките на бивша Југославија. Да ли соединението на Македонија може да дојде, ако бдна трета част от неја разгрне својте сили? Да ли не требеше штом поставихте принципа за соединението на Македонија да теглите и консеквенциите му? Говори се за соединение а се бори за слободата на една част от Македонија. Зашто тоја принцип, хврлен срамежливо мегју редовете на густи исписаните 9 страници, не ви вдахнови да дадете полно изложение на тоја лозунг – вековна мечта на нашиот народ, -зашто след като написахте рамно три реда по тоја вопрос, не се обрнахте ДО НАШИТЕ БРАТЈА ПОД ГРЦИЈА И БЛГАРИЈА ДА ГИ ПОДКАНИТЕ ЗА ЗАЕДНИЧКА БОРБА ВО ИМЕТО НА ТОЈА ИДЕАЛ? ЗАШТО НЕ КАЗАХТЕ ВО МАНИФЕСТОТ, КАКВИ СЕ ВРЗКИТЕ СО ТИЈА НАШИ БРАТЈА? И КАКВО СЕ Е НАПРАВИЛО ДА СЕ ОСТВАРИ ТОЈА СОЈУЗ – БОРБЕНИЈА СОЈУЗ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ЗАШТО НЕ КАЗАХТЕ, ЗАШТО НЕМА НИКОЈ ОТ ТИЈА КРАИШТА НЕ САМО ВО ШТАБОТ, НО, И ВО ЦЕЛАТА НАША НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА ВОЈСКА? НЕ БЕЈА ЛИ НАЈНЕУСТРАШИМИТЕ И НАЈПРОГРЕСИВНИТЕ БОРЦИ И РАКОВОДИТЕЛИ НЕКОГА ВО НАШАТА НАРОДНА ВОЈСКА: ЈАНЕ САНДАНСКИ, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, ТАСКАТА, ПОСТОЛ ВОЈВОДА, и плејада други от Серско, Кукушко, Воденско, Ениџе Вардарско, Разлошко и т.н.? И НАЈСЕТНЕ, ЗАШТО НЕ ОДГОВОРИХТЕ НА НАРОДА ОТИ СУДБАТА НА МАКЕДОНИЈА НЕ МОЖЕ ПРЕДВАРИТЕЛНО ДА СЕ НАЧЕРТАЕ ВО РАМКИТЕ НА БИВША ЈУГОСЛАВИЈА, – БЕЗ ДА СЕ ПРАШАТ ОСТАНАЛИТЕ ДВЕ ТРЕТИ НА НАШИОТ НАРОД ДА ЛИ СЕ ЗА ТОВА НЕШТО ИЛИ НЕ? Кје помогне ли таквото поставуење на македонскиот вопрос за полната мобилизација на нашија народ – мобилизација така нужна за обштата борба.

И, ете, драги другари, да видите, оти не сме забравиле да сте поставили принципа а да нема дела.

Нема зашто да се срдите. Такво е чувството на секи Македонец после препрочитанието на манифеста. Не ли е оправдано, да ве попитат, кога ги подканихте, разбира се, совсем правилно, Арнаутите, Власите, Турците и др. на борба со нашиот народ, зашто не ги подканихте нашите братја от другите краишта от Македонија на заедничка борба и е ли това молчание во согласие со принципа за соединението на Македонија? Ете, зашто, драги другари, погрешно поставениот вопрос доведуе до погрешни изводи. Ако, вие предварително определихте судбата на Македонија во рамките на Југославија, вие доследни на така поставениот вопрос, истина хврлихте лозунг за соединението на Македонија, но, кога требеше да влечете сите практични консеквенци от така поставенија лозунг, не направихте това а останахте доследни на приетите ангажименти -рамките на Југославија.

Ете, зашто, сега е јасно, оти ние бехме формалисти и поставувахме како формални вопроси, на вид не важни, за компетенцијата на штабот да се изјасњава по политичките вопроси и приема ангажименти, каква е компетенцијата на Народното собрание на Македонија и т.н.

3) Се чуја и извесни објасненија, оти една от причините за такво поставување на македонскиот вопрос била невазможноста на србското, грцко и болгарско движенија да излезат пред својте народи, пред вид на различните теченија во тија движенија, со објаснението оти македонскиот народ е нешто оделно от тија народи и има право на самостално национално соштестувание. Со оглед на неправилното осведомјаване на србските, грцки и болгарски маси во миналото от страна на реакционерните режими по македонскиот вопрос, тија маси, не биле оште подготвени да примат отцепуењето на тија делове во оделна целина, надвор от нимните граници. А излезуењето, пак, со отворен став по македонскиот вопрос денеска пред тија маси можело да попречи на полното единство на тија народи и да ослаби општиот фронт на народите во борбата им против фашизмот.

Ние, не можеме да оправдаваме еден таков опортунистичен став на народно ослободителните движенија на комшијските народи, ако таков соштествува, нити објаснението оти за здравината на внатрешниот фронт на тија народи се налагало премолчуењето на истинските тежненија на македонскиот народ и неговите историски права.

Питаме се, ако раководствата на народноослободителните диженија на комшијските народи се најистина зели такво становиште, какво се е направило во заштита на истината и правата на македонскиот народ. Да ли не требаше нашиот штаб во интерес на здравината на внатрешниот ни фронт и полното мобилиране на нашиот народ, да излезе открито пред својот народ и раководствата на комшијските народноослободителни движенија во заштита на една праведна кауза. Нешто повекје, да сака от тија раководства правилно да осведомат својите народи за да имаме гаранцијата оти нашиот вопрос правилно се разбира от сите слободољубиви народи за да се потикне и нашиот народ за оште по силна борба против обштиот враг. По тој начин, македонскиот народ кје добиеше сатисфакција за порано толку оспораваните му права от сите ненародни поробителски режими.

 

ЗАШТО НАРОДНО ОСВОБОДИТЕЛНАТА БОРБА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕ НАПРЕДУВА

Обшто е познато, оти денешната форма за обштата народна борба е народно-ослободителната која има за цел да прибере сите антифашиски сили на секој народ, за заедничка борба против обштиот враг – фашизмот. Така широко поставена таја работа дава возможност да се разгрнат невидени досега сили, да се фрли во бој се што е чесно и народно, собрано под обштиот бајрак за утрешен по добар и справедлив свет, – во кој секи народ, па и македонскиот, кје заживее нов и слободен живот, братски прегнат со сите останали народи.

Така начертана таја борба, врзана со борбата за национално ослободуење и соединение на македонскиот народ, нема ли да воодушеви сиот чесен македонски народ за да стане готов на сите жертви и се нареди до еден под знамето на главниот штаб.

Но, за жалост, лозунгите на таја борба се подигнати ошче преди повекје от една година, а ние сме свидетели не на една разграната до крајните и возможности народна борба а само на една слаба борба, која се навогја ошче во началото на организирано работење. На шо се должи тоа?

1)  Најнапред на недостатак на еден јасен програм на народно освободителното движение во согласие со вековните исторически тежненија на нашиот народ. По тој вопрос доста се пишеше по горе и нема нужда да се повтараме.

2)  Недостаток на иницијатива от страна на лицата на кој е поверено да раководат и организират јадките на таја борба – ослободителните комитети.

3)  Крутост и недостатачна демократичност во спроведуењето на народно-ослободителната програма от страна на лицата на кој им е наложено да раководат со организирането на народноослободителните комитети.

4)  Спутавање дејноста на комитети со уското поставуење на принципите на народно-ослободителната борба. Недавање слобода на дејствие на комитетите за да се приберат околу нифната борба по возможност најголем број чесни и борбени Македонци. Спутавањето на комитетите се должи највечко на недоверието спрема членовето на комитета, от страна на иницијаторите. По тој начин акциониот комитет, след неколку измененија во компетенцијата му, стана безживотно тело и без необходимиот импулс продолжи соштествуванието си, макар во началото да се очекуваше многу от неговата работа.

А, пак, да не бева тија грешки, положението би било следното:

Разочарението во оноја дел на македонскиот народ кој очекуваше ,слобода от болгарската власт, нејните страхотни грешки, и особено пораженијата на Германците на источниот фронт и се по блескавите, успехи на Червената армија, како и успехите на сите поробени народи от фашизмот, создадоха сите неопходими условија за една широко поставена масова народно-ослободителна борба. Горе показаните грешки е минираја таја возможност да го имаме денеска окупен околу Штабот сиот македонски народ.

Нешто повекје. Оставените маси надвор от нашето движение а недоволни има опасност да станат плачка на Михајловистите кој во својата противнародна предателска политика, знаејќи расположението на народот се служат со пароли блиски до народните тежненија, како на пр. „Слободна и независна Македонија” и „Целокупна Македонија” и т.н. Наивници, кој не познават позадината на тија привлечни формули, благодарение на пропустот от наша страна да врземе масите за народно-ослободителната програма, да бидат измамени от тија фашистички слуги, без да узнаат оти се бијат против својата народно-ослободителна војска, единствената гаранција за слободата на нашиот народ.

Така, тија предатели, ползувајки се со споменатите примамни пароли, опитуват се во Македонија, особено мегју Штип и Царево Село(денес Делчево), да организират банди, со цел да ги фрлат во братоубијствена борба против нашата народно-ослободителна војска и партизанските одреди. Навремено разкринкаване на тија предатели е една от првите задачи на народно-ослободителната борба во тилот.

От тука показаните грешки во нашата борба треба да се извлечат и нужните поуки, кој мегју другото налагат брзо и додека е време, да се направе следното: Установлјавање на еднајасна, близка до народните тежненија народно-ослободителна програма, ревизирање на целокупната досегашна дејност на тоја сектор, избиране на погодни лица за таја борба, отфрлање на штетната крутост и недемократичносту спроведуењето на така установената програма и давање слобода на дејствие на комитетите, кој от своја страна да развијат широко поставена и добро обмислена народно-ослободителна борба.

Драги другари, ние напишахме горните редове, раководени от единственото желание македонската борба да најде својот истински пат, сметајки оти тоа е наш долг и оти сите носиме историска отговорност за судбината на нашиот народ и за учестието ни во обштата антифашистичка борба. Нашата савест го налагаше това.

Ние ве молиме, најосновно да ги претресете оште еден пат тука поставените проблеми и најскоро да ни отговорите, оти от нијното правилно поставуење и разрешавање зависи единството мегју нашиот народ и храбрата му ослободителна војска – единството мегју фронтот и тилот. Стане ли тоа, сите условија кје ги имаме за полното мобилизиране на сите сили на македонскиот народ, нашата ослободителна војска кје нарасне во силна армија, кје даде своја прилог во борбата на сите слободољубиви народи за дотепуењето на омразниот фашизам, со чието уништуење кје блесне слободата над сите поробени народи, па и над македонскиот.

Сакаме, со секој изминат ден, нашата народно-ослободителна војска и партизанските отреди – заштитникот и надеждата на македонскиот народ – да раснат и крепнат и печалат се нови и нови победи.

СМРТ НА ФАШИЗМОТ И СЛОБОДА НА НАРОДОТ

(Примнато на 9. XII 1943 г.)
Срдечни другарски поздрави
АМ. – Ф. НОБ, К. 35, арх. бр. 279.
(Обавено кај: Лазар Колишевски, Аспекти на македонското прашање. Скопје 1980, стр. 112-120).“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *