Редарите кои беа дел организацијата на вчерашниот протест не му дозволиле на фракционерот од ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски, да се качи на бината и да им се обрати на присутните. Поради ова избил помал инцидент, во кој биле разменети меѓусебни обвинувања, а новинарите и снимателите биле истуркани.
Според организаторите Петровски воопшто не бил дел од програмата на протестот и им било речено дека тој и други групации можат да си организираат свој протест. Во групата со Петровски биле и претставници на Христијанско братство и Единствена Македонија, меѓу кои Јанко Бачев, Жарко Гроздановски и Драган Угриновски како и Страшко Олумчев.