Поранешниот министер за внатрешни работи и професор во пензија, Томислав Чокревски е лустриран од Комисијата за верификација на факти.
Чокревски е лустрира како наредбодавател во досието „Темел“ односно следење на членови на ВМРО ДПМНЕ во периодот од 1996 до 1998 година. Комисијата оценила дека водењето на такво досие и следењето на членовите на тогаш опозицската партија се засновало на политички побуди и поради тоа е незаконско.
На одлуката на мнозинството во комисијата се спротивставил членот Чедомир Дамјановски. Според него, следењето не било од политички побуди, туку од безбедносни причини.
Комисијата претходно го лустрираше и поранешниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски исто така, како наредбодавач.