Уште еднаш за нас – БЕСПЛАТНО ПРЕЗЕМАЊЕ

Пет минути од деноноќието ќе и ги посветам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска совест и да се уверам за последен пат дека е безначајно она што досега сум го сторил за неа

Владислав Ковачев, Политичкото верују на македонците_

Започнав да пишувам затоа што тоа беше некоја внатрешна потреба која што рационално не може да се објасни. Едноставно она што ме мачеше, сакаше да се породи и да доживее свое постоење. Првиот текст кој што воопшто сум го објавил беше писмо испратено во “Дело”, кое што коренспондира со мојата “наивна фаза”. Станува збор за 1995 година. Тогаш започнав активно да се вклучувам во политичките текови на ВМРО-ДПМНЕ (претходно дејствував во Куманово). И тоа со цел, проста цел, за да придонесам, за да помогнам да се промени режимот кој ја беше најавнал жална Македонија. Тој прв текст е краток и ми се чини дека појасен не може да биде. Насловен е “Македонци обединете се”. Прост наслов со многу јасна порака. Порака која што до ден-денеска за нас е неостварлива. Не се плашам со ова тврдење да се изложам на критика. Само би сакал да бидам демантиран со факти. И да бидам јасен и ден…

Уште еднаш за нас

(2 мегабајти, пдф формат)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *