Нов директор на Државниот архив на Македонија ќе биде поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски. Него Владата го именувала за вршител на должноста минатата недела. Одлуката веќе е објавена во „Службен весник“.
Него Владата го именувала за вршител на должноста минатата недела. Одлуката веќе е објавена во „Службен весник“, објави Утрински весник.
Петровски на оваа функција ќе биде се додека не биде објавен конкурсот за избор на нов директор на оваа институција, која остана без раководител по ненадејната смрт на досегашниот директор Зоран Тодоровски.
Филип Петровски во Државниот архив доаѓа од „Лотарија на Македонија“, каде што беше заменик-директор и заменик-претседател на Управниот одбор. Претходно неколку години тој беше директор на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.
извор: