„Барам од ВМРО, од мојата партија, итно да се консолидира и да се радикализира, да го повика членството на улица, да се подигнат шатори пред Судот, пред Влада, пред Собрание. Да се подготви повлекување од сите институции, да се најави повлекување од Парламентот, од сите локални совети. Ете му ја на режимот власта, народот ќе излезе на улица. Тогаш ќе видиме дали можат сите да нè уапсат. Кренете рака, тупаница, да знаат дека ќе има отпор од Македонците. Нема да нè совладаат!“, рече Петровски пред насобраните на протестот пред Основен суд Скопје.
„Синоќа си легнавме во Македонија, утрово се разбудивме во Белорусија. Нели против режим се бореа? Е, ова е режим! Гледајте како режим се справува. Знаете ли тие што се сега во Владата што им правеа на полицајците за да дојдат во Владата? Ги гаѓаа со кондоми полни со боја, а тие стоеја и не смееја да мрднат, бидејќи тогаш беше демократија. Ај пробајте сега да гаѓате еден полицаец. Знам дека никој од нас нема да гаѓа, бидејќи ние сме исти (со полицајците – н.з.), ние сме браќа Македонци. Ама пробајте еден да мавнете со боја, има да скапете во затвор, поради тоа што сега има режим во оваа држава. Сега има хунта, ама хунтата да знае дека хунта на сила се соборува. Ние ќе ја собориме на улица!“, порача еден од лидерите на студентските протести во 1997 година, експратеник, генерален конзул во САД и поранешен директор на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“.
Петровски уште кажа дека и тој бил во Собрание на 27 април заедно со приведените, со цел „да го спречат, а не да предизвикаат државен удар“, односно „народот влезе за да го спречи нелегитимниот избор на Талат Џафери за претседател на Собранието“.
Линк: ЕКСПРЕС