Филип Петровски кандидатот за лидер на ВМРО – ДПМНЕ: Ќе ги блокираме сите државни институции!

Филип Петровски досега единствениот кандидат за лидер на ВМРО ДПМНЕ објави на Фејсбук дека ќе ги блокира сите битни институции на РМ ако постане лидер.

Тој вети дека ќе ги блокира институциите со цел да се ослободат неговите притворени колеги од ВМРО ДПМНЕ за “27 април’” . Оваа негова солидарност тој долго време ја искажува на социјалните мрежи.

Прочитајте го статусот на Филип Петровски:

Почитувани браќа и сестри,

Ќе дојде време да пишуваме повторно крушевски манифест..

Наши браќа и сестри лежат во зандани заради Македонија.

Ако даде Бог и со ваша подршка и доверба, да бидам на кормилото на партијата ВИ ВЕТУВАМ;

1.БЛОКИРАЊЕ НА СКОПЈЕ,

2.НА СОБРАНИЕТО НА РМ,

3.НА ВЛАДАТА НА РМ,

4.ВИЛАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РМ

5.НА АЕРОДРОМОТ,

6.НА ЖЕЛЕЗНИЦАТА,

7.НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ,

8.НИЗ ГРАДОВИТЕ,

9.ИНСТИТУЦИИТЕ,

И, ТОА ЌЕ ТРАЕ ДО ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА СИТЕ 36 ПАТРИОТИ ОД НАСТАНИТЕ НА 27 АПРИЛ..

А, ЈАС ЛИЧНО ЌЕ ГИ ПРЕДВОДАМ ТИЕ ПРОТЕСТИ И БЛОКАДИ КАКО ВО 1997.

ДА ВЕ ПОТСЕТАМ,

ПРЕД МЕСЕЦ ДЕНА ДАДОВ ПРЕДЛОГ ТУКА, НА ФБ, ЗА НАПУШТАЊЕ НА ПАРЛАМЕНТОТ, И ТОА СЕ СЛУЧИ ПРЕД НЕКОЛКУ ДЕНА…

СО ДОЛЖНА ПОЧИТ,

ВАШ Д-р ФИЛИП ПЕТРОВСКИ

Извор: ИПОРТАЛ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *