Хан: Ја поздравив заложбата на Мицкоски да не го опструира Преспанскиот договор во Собранието

Комесарот за проширување Јоханес Хан попладнево на Твитер објави дека имал корисни разговори со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Бев кристално јасен дека ратификацијата на Договорот од Преспа мора да се финализира брзо и без никакви пречки. Ја поздравив неговата заложба да не го опструира процесот во Собранието. На ЕУ интеграции и е потребна конструктивна опозиција, напиша Хан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *