Чаулев во разговор со руски разузнавач ја коментира генијалноста на Александров (документ од 1923)

Чаулев во разговор со руски разузнавач ја коментира генијалноста на Александров (документ).

Не може да биде поголемо задоволството од кога ќе се открие еден ваков документ, кој датира од 1923 година. Имено, Чаулев разговара со руски разузнавач во Рим, за што вториов ја известува Москва и од тоа е останат запис.

Во разговорот Чаулев зборува за останатите двајца членови на ЦК на ВМРО (раководното тело на организацијата) Александров и Протогеров. При што говори пофално за Протогеров како добар и храбар револуционер, но склон пон почести и одликувања.

Она што е значајно и треба да се потенцира е описот на Александров. За него Чаулев ќе рече: „Тој е друг тип. Голем конспиратор е! Кај нас Македонците, има многу конспиратори. Но, поголем од него не сум видел. Како конспиратор и организатор тој е генијален. Да се родил во Русија ќе бил познат во цел свет…

Документот има и други интересни детали за македонската историографија кои ми се чини дека досега не се објавени.

*

Чаулев не негира дека поранешниот бугарски министер Даскалов бил убиен со знаење на Македонскиот комитет – за прогонот на кој биле подложени Македонците под Даскалов.
Прашав какво е мислењето на Чаулев за блискиот другар на Даскалов, Костја Тодоров.
„Коруптираниот човек“, одговори Чаулев, „сега, очигледно, склучува договор со Британците“.
Чаулев ми даде карактеристики на неговите другари од комитетот – генерал Протогеров и Тодор Александров.
– Протогеров, како што знаете, е добар револуционер, храбар, несебичен. Ама генерал е, сака почести, одлики… Александров е друг тип. Ова е најголемиот заговорник. Кај нас Македонците има многу добри заговорници. Но, никогаш не сум видел некој како Александров. Како заговорник и организатор, тој е гениј. Ако е роден во Русија, сега беше светска славна личност…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *