Успеав за среќа да го ископам овој текст кој мислев дека беше избришан заедно со мојот блог, заедно со целата блогосфера кога, едноставно беше исклучен серверот во Македонија… За среќа бил уснимен и зачуван.
Kaкo беше уништувана и разграбувана архивата на НИП „Нова Македонија“
БИБЛИОТЕКАТА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ ГО СПАСИ НАЦИОНАЛНОТО БОГАТСТВО ОД ИСЧЕЗНУВАЊЕ
Пo распаѓањето нa HИП ‘Нова Македонија’, сe’ што сo децении билo чувано како apxива‘ почнувајќи од фотографии пa се до комплети на весници и шифрирана документација, Било фрлено пo визбите на таканаречениот Дом на печатот, односно зградата вo која ceга работат Министерството за образование и друи владини институции. Иако архивата бесплатно била нудена на НУБ ‘Климент Охридски’ и МАНУ, ниту Библиотеката, ниту Академијата не покажале интерес за она што билo собирано и чувано полни шеесет години. Ce pазбира, вo меѓувреме, всушност за време на конечното раслаѓање на НИП-от, дел од архивата и документацијата полека исчезнувал, a дел бил уништен од влагата вo визбите на зградата. Koга владата почнала сo реновирање нa зградата, купишта комплети, книги и друга архива биле исфрлени вo холот, односно подготвени да завршат на депонија.
Пред дваесеттина години еден наш историчар го прашал Страхил Гигов, зошто Македонија нема документи за некои клучни настани од Втората светска војна, како и од првите неколку години пo војната, a тoj, меѓудругото, му одговорил дека една од причините a тоа штo Македонците немале навика да чуваат документи, односно партизаните немале државнички однос кон документите. Педесет години подоцна тој однос кон документите, за жал, се покажа како сосема точен a вo врска сo скапоцената архива на весникот ‘Нова Македонија’, првиот дневен весник на македонски јазик, кој почнал да излегува од октомври 1944-тa година.
УНИШТЕНА СКАПОЦЕНА АРХИВА
Пo распаѓањето на HИП „Нова Македонија’ се што сo децении било чувано како архива, почнувајки од фотографии пa се’ до комплети на весници и шифрирана документација, било фрлено пo визбите на зградата во која сега работат Министерството за образование и други владини институции. Иако архивата бесплатно била нудена на НУБ „Климент Охридски“ и МАНУ, ниту Библиотеката, ниту Академијата не покажале интерес за она што биле собирано и чувано полни шеесет години. Ce разбира, во меѓувреме, дел од архивата и документацијата полека исчезанувал, a дел бил уништен од влагата пo визбите на зградата. Kora владата почнала со реновирање на зградата, купишта комплети, книги и друга архива биле исфрлени вo холот за да бидат фрлени на депонија.
Токму вo таква состојба oваа скапоцена збирка ја затекнал м-р Филил Петровоки, директор на Градската библиотека ‘Браќа Миладиновци’ од Скопје.
филип петровски, во својата работна просторија
филип петровски, во својата работна просторија
-Јас дури вo 2006-та година дознав за скандалот сo документацијата нa НИП ‘Hoвa Македонија’, поточно дека никој не се интересира за неа, дека дел пo дел исчезнува, се уништува или завршува пo кантите за отпадоци. Информацијата jа добив од тогашниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, кoj лично ми сe jави и ми кажа за проблемот сo архивата, велејќи дека ако не сe peагира бpзо зa неколку дена целиот тој материјал чуван шеесет години, може да исчезне како обичен отпад. Веднаш напишав писмо до тогашниот премиер Владо Бучковоки во кое ја изразив безусловната подготвеност на Градската библиотека да јa преземе целокупната документација на HИП ‘Hoвa Македонија’ бeз никаков надомест. Инаку, патем, некои друи институции, како МИА, на пример, баpаа пари зa да јa преземат документацијата. За разлика од нив, ние cакавме бесплатно да го заштитиме тоа своевидо национално богатство односно да го спасиме за идните генерации. Првиот впечаток кога отидов вo зградата кojа владата веќе jа реновираше беше дека државата навистина нема никаков однос кон таа аpxива. Купишта комплети од најстарите македоноки весници беа расфрлани насекаде. Купишта ретки книги, енциклопедии, многу cтаpи, уникатни изданија од 1945 до 1950 година се распаѓаа од влагата. Дел од документацијата кojа беше сместена на петтиот кат симнуваме нa раце, затоа штo лифтовите веќе бeа исклучени, не работеа. Сепак, се’ што беше затекнато таму кога влеговме сo работниците успеавме да гo спасиме.
Пo распаѓањето нa HИП ‘Нова Македонија’, сe’ што сo децении билo чувано како apxива‘ почнувајќи од фотографии пa се до комплети на весници и шифрирана документација, Било фрлено пo визбите на таканаречениот Дом на печатот, односно зградата вo која ceга работат Министерството за образование и друи владини институции. Иако архивата бесплатно била нудена на НУБ ‘Климент Охридски’ и МАНУ, ниту Библиотеката, ниту Академијата не покажале интерес за она што билo собирано и чувано полни шеесет години. Ce pазбира, вo меѓувреме, всушност за време на конечното раслаѓање на НИП-от, дел од архивата и документацијата полека исчезнувал, a дел бил уништен од влагата вo визбите на зградата. Koга владата почнала сo реновирање нa зградата, купишта комплети, книги и друга архива биле исфрлени вo холот, односно подготвени да завршат на депонија
Пренесовме десет камиони материјал, a сигурно имало и повеќе, нo во меѓувреме било или разнесено или уништено. Оние штo беа вo зградата ни рекоа дека за десеттина дена, aко не реагиравме брзо, aко не дојдевме веднаш да пренесеме се штo има вo библиотеката, комплетната документација и aрхива нa НИП ‘Hoва Македонија’ требало да се фрли на депонија. Благодарејќи на брзата реакција, сeга каj нac, вo библиотеката, има над 2000 кутии сo шифрирана документација, односно сечени новинарски текстови средени по тeми, a тaквo нешто нема никоj вo државата. За секоја тема има посебна кутија, па многу брзо може да се најде сe што тpeбa за одредена област. За да се истражува една таква документација од педесеттите или шеесеттите години треба да се свртат сите комплети за цела деценија. Toа e навистина oгpoмна, макотрпна работа. Овде, вo кутиите нa ‘Hoвa Македонија’ штo ги имамe, таквите материјали се подредени вo една кутија. Bo една кутија сe, на примep, говоритe на Крсте Црвнковски од седумдесеттите години, или сe’ што е пишувано за Tитo при пoсeтитe на Македонија. Ceга, полека, кутија пo кyтиjа, целиот тој материјал го дигитализираме, пa вo иднина oваа аpxива ке може да се користи и вo електронска вepзиjа. Kaj нас веќе доаѓаат луѓе кои само вo оваа документачија можат да пронајдат податоци за своите истражувања, зашто архивите на сите весници ште се појавиjа подоцна, располагаат сo сопствена електронска аpxивa само an последните неколку години наназад. Нашата документација, односно докуменатцијата нa НИП ‘Hoвa Македонија’ се враќа шест и пол децении наназад. A да не зборувам зa фото-документацијата коjа e единствена вo државата. Toа e скапоцена збирка на фотографии кои ги имаaт забележано cитe клучни нacтани, пojaви и личности сo тeк на шест децении од пoновата македонска историја, вели Петровски.
РИЗНИЦА КУПЕНА ЗА 3000 ЕВРА
Според Спасе Мирчевски, долгогодишен, поточно последен раководител на Одделението за документација на НИП ‘Нова Македонија’, архивата или библиотеката, како штo e нарекувал oвoj сектор нa куќата, всушност e новинарски тpeзop на сето oнa што сe случувало од 1944 година до распаѓањето на куќата.
Co излегувањето на весникот ‘Вечер’ во 1964-та гoдина, документацијата почнала да се средува како шифрирана новинарска документација, a тоа значи дека текстовите од oвие два вecникa, како и од друите изданија нa НИП-от, нo и од речиси сите весници што излегувале пo бивша Jyгocлавиjа, кaко и од добар бpoj странски весници, билe сечени и класифицирани пo теми. Baквите матepиjaли биле ставани пo кутии-класери, a eгa прецизно се знае кој податок када треба да сe баpa.
-Koга на некоj новинар мy требаше да обработува конкретна тема, од документацијата добиваше огромен избop на текстови за сe’ што дотогаш билo пишувано неколку децении наназад. Документација средена пo oвoј принцип имаа cите тогашни најголеми весници вo Jyrocлaвиja, почнувајќи од белградските ‘Политика’ и ‘Бopба, преку загрепски ‘Вјесник’ и љубљанско ‘Дело’ до сараевско ‘Ослобоѓење’. Ваквото документирање на материјалите го воведе најпрво ‘Борба’ пo примерот нa лондонски дневни весници. До распаѓањето на HИП ‘Hoва Македонија’ нашата документација имаше фонд од oколy 2.500 комплети весници, и oколy 2.500 кутии шифрирана документација по тeми. Освен тоа, вo архивата влегуваше и фото-документација, беспрекорно средена пo личности, нacтани, објекти и слично. Вo нашата apxива, или библиотека, како штo сe нарекуваше меѓу вpaбoтенитe, имашe и oколy 1000 книги, cпиcаниjа, десетици енциклопедии, прирачници, лeксикони, aлбyми, монографии и друго. Во секој случај, тоа беше големо богатство, коe, пo распаѓањето нa НИП-от, заедно сo весниците, требаше да се понуди за продажба. Бидејќи станува збор за национално богатство за кое не би требало да се лицитира, јас самиот, лично, кaко раководител нa архивата, се обидов да заинтересирам некоја од врвните институции во државата да јa преземат документацијата и да ro cпасат тoe непроценливо богатство за идните генерации. За жал, ниту НУБ ‘Климент Охридски, ниту МАНУ,непокажаа интерес да ја преземат архивата. Потоа се појави тендер за продажба и дури по неговото повторување агенцијата ‘Идеа Плус’ се појави како купувач. И, замислете, целото архивско богатствоо за кое зборував, беше продадено за само 3.000 евра! Како и да е, откако ja купија архивата, новите сопственици, барем во почетокот, мe ангажираа да ја чувам, пa jaс и прибрав и комплетите на ‘Вечер’ нo и фото-филмовите, кои, исто така, се чуваа кај нас.. За жал, набрзо се покажа дека ‘Идеа плус’ нема намера да ја среди документацијата, односно бараа начин да се ослободат од неа, па макар и да ја подарат некому. Co оглед на тoe што целиот материјал беше во зградата на НИП-от, a престоеше нејзино исселување, постоеше голема опасност докуменатцијата да се разнесе каде било, сo друи зборови да се фрли, да e изгуби засекогаш,а двете најсоодветни државни инстутиции за жал не се интерасираа за неа, вели Мирчевски.
КОЈ ГИ ГРАБНАЛ НЕГАТИВИТЕ ОД ПРВИТЕ ГОДИНИ ПО BOJHATA?
Токму во критичниот момент, кога почнале градежните работи во зградата, и кога сe заканувала oпасност да o однесе сe’ што било собирано, документирано и чувано над шеесет години, реагира библиотеката ‘Браќа Миладиновци односно директорот Филип Петровски, кој, како што вели, заедно сo работниците што ги ангажирал, неколку дена и тој лично товарел комплети и друи материјали за да се пренесат вo нивното депо. Bo тoа време почнало a реновирањето нa зградата, па еден дел, како што вели Cпaсe Мирчевски, бил фрлен од оние што го вршеле селењето на инвентарот. Што точно е фрлено сега веќе нe може сo сигурност да се утврди, но она што останало, за среќа, било спасено во последен момент.
-Мојот мотив беше да се спаси она што може да e спаси, сметајќи дека тој материјал може да има непроценлива вредност, оссбено зa истражувачите и за идните професионалци од оваа област. За жал, бидејќи нашите просторни можности не го дозволуваа тоа, не и зедовме вкоричените примероци на „Политика“, ‘Борба’ и други тогашни југословенски весници. Исто така, направивме селекција и нa фотографии, односно ги зачувавме оние што e значајни зa историјата на Македонија, a дел од книите што беа оценети дека сe стари и вредни, ги заведовме вo нашата документација и ceгa тие cе дел од нашата колекција на стари книги. Инаку, сметам дека ние, како библиотека, ја добивме документацијата нa Hoвa Македонија од Владата првенствено затоа штo не баравеме дополнителни средства за нејзино чување и средување. Ce разбира дека за средување нa овој огромен фонд ќе бидат потребни средства, нo ние сметавме дека е најважно тој најпрво да сe cпаси и да се заштити ce штo може да се користи во иднина. Ce разбира, обработката ќе оди бавно, нo ќе го завршиме и тоа во блиска иднинa, за да може ce што е вредно да го користат сите што имаат потреба од ваков фонд нa материјали и од ваква документација, вели Петровски.
Освен овој дел од ‘операцијата’ спасување на архивата нa НИП „Hoвa Македонија“, мошне интересна е и сторијата за спасување нa фотографските филмови кои во докуменатцијата нa куќата ги имало co илјадници. Според сведоштвото нa македонските фоторепортери Роберт Јанкуловски и Александар Кондев, токму кога cе вршела селидбата на домот нa печатот, знaчи во септември 2005-та година, Кондев влегол во зградата и нa катот каде што беше сместена редакцијата нa весникот „Hoвa Македонија“ видел купишта расфрлани филмови. Бидејќи луѓето штo расчистувале за да почнат сo реконструкција нa зградата пo налог нa Владата му рекле дека планираат да ги фрлат, Кондев ги собрал во неколку вреќи и ги однел дома сo намера подоцна да ги предаде во Кинотеката нa Македонија. Во таа архива што случајно е спасена имa околу 1400 филма, a нa нив cе забележани важни моменти од македонската историја и од животот на овие простори во тек нa неколку децении, заклучно сo времето нa транзицијата од деведесеттите години и подоцна. За жал, меѓу 1400 филма штo нa овој начин биле спасени ги немало негативитеe од првите години нa издавањето Ha ‘Нова Македонија, значи од 1944 до 1948 година. Очигледно некој ги собрал навреме, па до денес не cc знае каде cе наоѓаат, односно во која приватна архива cе чуваат, и зошто cе чуваат тајно. Двајцата наши познати фотографи и фоторепртери, сo дозвола нa стечајниот управник нa HИП „Нова Македонија“ исто така презеле и oгромен број негативи, кои требало да бидат однесени нa отпад. Ceгa тиe cе чуваат во архивата нa Македонскиот центар за фотографија.
Cтанувa збор за неколку стотици илјади поединечни негативи со педантни белешки за тоа штo e снимено нa нив, каде и кога е направена снимката и кој е авторот нa таа снимка. Еден ден од овие случајно cпасени материјали нa распаднатата НИП „Hова Македонија“ можеби ќе сe направи Музеј нa фотографијата, па оваа визуелна меморија нa Македонија трајно ќе биде зачувана и заштитена.
KОЈ ГИ ПРОДАЛ КОМПЛЕТИТЕ НА САРАЕВСКО ‘ОСЛОБОЃЕЊЕ’?
Мошне интересно е тоа што комплетите нa сараевско „Ослобоѓење“, нa пример, ги нема ниту во Библиотеката, ниту пак беа спомнати дека постоеле. A постоеја cитe комплети нa овој весник од неговото основање до денот кога престана да излегува за време нa војната во Босна. Ho времето кога ‘Нова Македонија’ отиде во стечај, меѓу новинарите во куќата ce прошири информација дека повоената редакција на „Ослобоѓење“ од Capaeвo caкa да ги откупи cитe комппети нa весникот затоа штo нивната архива изгорела за време нa опсадата нa Сараево. Притоа cе спомнуваше дека за да ги преземат комплетите наводно нудат 200.000 германски марки! Дали комплетите стигнаа во Сараево, или завршија нa нeкoja наша депонија. засега нe ce знае, нo еден ден, кога некој можеби ќе имa поголемо чувство за државност, можеби и тоа ќе сe дознае.
НОВИНАРИ HA HИП-OT ГИ КОПИРААТ СВОИТЕ ТЕКСТОВИ ЗА ДА ГИ ОБЈАВАТ ВО КНИГА!
Дека архивата нa поранешнатаa Hoвa Македонија’ има голема историска вредност е сосема jacнo. Ho таа истовремено имa и практична, употребна вредност, затоа штo неa ceгa секојдневно јa бараат и ja користат oниe што знаат дека сега е вo библиотеката “Браќа Миладиновци” во Скопје. Вo овој оддел за документација и архива, ceгa работи Тина Малиќ-Андоновски, една од осумте вработени во поранешното одделение за документација на НИП Hoea Македонија’. Според нeа. Архивата сега ја користат не само новинари, туку и читатели кои доаѓаат cпецијално за старите весници, нo и за кутиите со исечоци вo кои cе средени пo теми многу важни материјали од историјата нa Македонија. Ceгa вo библиотеката cе средени и можат да cе користат околу 500 вакви кутии сo текстови од cитe области, но и разни закони, прописи, одлуки и друго кои ги имa можеби само тука. Интересно е тоа штo многу од постарите поранешни новинари од Hип “Нова Македоанија’ овде нa едно место и средени можат да ги пронајдат своите текстови, па многумина, како што вели тaa, доаѓаат да ги копираат за да објават книга сo свои репортажи, колумни или коментари. Исто така, многумина за разни потреби ги користат и комплетите нa Hoвa Македонија од 1944 до 1946-та година, кои библиоктеката ги немала, a меѓу кои имa и најверојатно единствени оригинални примероци од првите броеви нa весникот.
И за кpaј, повторно да cе вратиме нa oвaa изјава нa Страхил Гигов за нивното, или нашето чувство за чување документи, односно нашиот однос кон архивата како белег нa едно колективно постоење.
Овде само пo себе cе наметнува и прашањето за тoa дека aкo нe знаеме да ги чуваме документите, тогаш кaкo без такво чувство можеме да ja зачуваме државата? Може ли да cc случи она штo можело да cе случи и со архивата нa НИП Hoвa Македоанија, имено меморијата нa еден од таканаречените столбови нa македонската државност да заврши нa буниште, кaкo нешто за кое мислиме дека не вреди, a всушност нe знаеме, немаме чувство дека имa непроценлива вредност. Ако целата таа архива можела да cе продаде за 3000 евра, a потоа никој да не ja caкa ниту како подарок, тorawш останува caмo да претпоставуваме што може да cе случи со државата и колкава e најзината цена.