Почитувана екселенцијо господин Олег Николаевич Шчербак,
Почитувана екселенцијо господин Чарлс Едмунд Гарет,
Почитувани претставници на дипломатскиот кор во Република Македонија…
Почитувани дами и господа!
Постојат настани во историјата што имаат значење за целото човештво. Во 20. век
таков настан беше победата над фашизмот во 1945 година.
Во знак на 70-годишниот јубилеј од победата на Антихитлеровата коалиција над
нацизмот, дозволете ми да ја отворам изложбата „Обединети сме посилни“.
Тоа е втора изложба во Скопје посветена на значајниот јубилеј.
Првата историско-документарна изложба со наслов „Победата над фашизмот: како
се постигна“ беше подготвена од Амбасадата на Руската Федерација и од Националната и
универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ со цел да го претстави трнливиот пат
до победата над фашизмот. Пошироката јавност ќе има можност да ја посети изложбата во
просториите на НУБ до 12 мај.
Изложбата што ја отворам денес се надоврзува на првата. Ако првата изложба нè
потсетува на тоа колку жртви се дадени за да се постигне победата, оваа изложба
потсетува на тоа како се стигна до победата. Клучен фактор за победата стана
ОБЕДИНУВАЊЕ НА СИТЕ СИЛИ ПОДГОТВЕНИ ДА СЕ БОРАТ ДО ПОСЛЕДНА
КАПКА КРВ ЗА НАЈВАЖНИТЕ ИДЕАЛИ НА ЧОВЕШТВОТО, а тоа се СЛОБОДАТА и
ХУМАНИЗМОТ.
Тие идеали го наоѓаат својот одраз во Атланската повелба, потпишана на 14 август
1941 год. од страна на САД и на Велика Британија, кон која на 24 септември 1941 год. се
приклучува и СССР. Така, Атланската повелба станува програма на Антихитлеровата
коалиција.
Точката 6 на оваа Повелба гласи: „Се надеваме дека по дефинитивното
уништување на нацистичката тиранија ќе се воспостави мир, кој ќе им даде можност на
сите држави да живеат безбедно на својата територија, а исто така да се создадат такви
услови во кои сите луѓе во сите држави ќе можат да живеат без страв и без сиромаштија“.
Во точката 8 се потенцира дека државите од целиот свет треба да се откажат од
применувањето сила.
Тие принципи сега се принципи на Организација на Обединетите нации, која ја
создаваат токму државите на Антихитлеровата коалиција.
Треба да се истакне дека Уставот на ООН е потпишан на конференцијата во Сан
Франциско, која почнала на 25 април 1945 год. – тогаш кога советската и американската
војска се среќаваат на Елба.
Идеалите зад кои стојат државите од Антихитлеровата коалиција го поттикнуваат
не само создавањето ООН туку и формирањето на Европската унија и ширењето на
демократијата.
Сепак, и покрај сето тоа, ние сме сè уште далеку од остварувањето на принципите
на Атланската повелба зашто државите не се откажуваат од применувањето сила и сè
уште голем број луѓе живеат во страв и во сиромаштија.
Патот да се постигнат идеалите на слободата и на хуманизмот ни е познат. Тој пат
ни го покажа Антихитлеровата коалиција – тоа се единството и слогата во име на
оживотворување на тие идеали. Сè додека не го разбереме тоа, овие идеали ќе останат
недостижни!
И затоа, сакајќи да потсетиме колку се важни единството и слогата, ја
организиравме оваа изложба со симболичен наслов „Заедно сме посилни“!
Ги поканувам амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија
Неговата екселенција Олег Николаевич Шчербак и амбасадорот на Обединетото Кралство
Неговата екселенција Чарлс Едмунд Гарет да им се обратат на присутните.
Д-р Филип Петровски

***

Информацијата за настанот подолу:

Државниот архив на Република Македонија на 6 мај (среда) 2015 година во 13.00 часот во Музејот на македонската борба за државност и самостојност ja отвори изложбата со наслов „Обединети сме посилни“, изработена по повод 70-годишнината од победата над фашизмот.

Изложбата се состои од плакати со антинацистичка пропаганда, фотографии од војниците на Антихитлеровата коалиција како и фотографии од мировните конференции односно средбите на големите светски лидери од тоа време.

Пропагандните плакати и фотографиите прикажани на изложбата се од периодот 1941 – 1945 година.

Изложбата ја отвори д-р Филип Петровски, в.д. директор на Државниот архив на Република Македонија, заедно со Н.Е. г. Олег Николаевич Шчербак, амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија и Н.Е. г. Чарлс Едмунд Гарет, амбасадор на Обединетото кралство во Република Македонија. Тие во своите обраќања истакнаа дека треба да ги чуваме спомените и да ги учиме лекциите од минатото, со цел да имаме светла иднина и да не дозволиме нови војни.

Изложбата ќе биде отворена до 15 мај 2015 година.

Говорот на д-р Филип Петровски, в.д. директор на Државниот архив на Република Македонија

Говорот на Н.Е. Г-дин Олег Николаевич Шчербак, амбасадор на Руската Федерација во Р.M

Говорот на Н.Е. Г-дин Чарлс Едмунд Гарет, амбасадор на Обединетото кралство во Р. Македонија

извор:

ПУЛС24

ДРЖАВЕН АРХИВ

„Обединети сме посилни“ е темата на изложбата која денеска беше отворена во Музејот на македонската борба за државност и самостојност по повод 70-годишнината од победата над фашизмот, во организација на Државниот архив на Република Македонија.

В.д. директорот на Архивот Филип Петровски рече дека оваа изложба има големо значење и симболика за Македонија, Европа, но и за целиот свет.

– Постојат настани во историјата што имаат значење за целото човештво. Во дваесеттиот век таков настан беше победата над фашизмот. Во знак на 70 години од овој јубилеј од победата на антихитлеровската коалиција над нацизмот ќе ја проследиме и оваа изложба насловена „Обединети сме посилни“, истакна Петровски.

Изложбата, рече тој потсетува на тоа како се постигнала победата над фашизмот каде клучен фактор било обединувањето на сите сили во борба за најважните идеали во човештвото – слободата и хуманизмот.

Амбасадорот на Русија во Македонија Олег Шчербак потсети дека кога пред 70 години на човештвото му се случило зло, народот бил заедно и бил посилен. Сите ние заедно, рече Шчербак, ја донесовме победата против нацистите кои на светот му носеа смрт.

– Треба да знаеме дека за да имаме светла иднина, треба да знаеме за трагичното минато, истакна Шчербак.

На изложбата беа претставени плакати со антинацистичка пропаганда, фотографии од војниците на Антихитлеровата коалиција како и фотографии од мировните конференции односно средбите на големите светски лидери од тоа време.

Пропагандните плакати и фотографиите се од периодот 1941 – 1945 година.

Извор: А1ОН

Leave a Reply

Your email address will not be published.